ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ, ГРАДОТ СКОПЈЕ И МАФИЈАTA
Политичките партии во своите кампањи често ја промовираат европската агенда, претендирајќи да се залагаат за ред, закон и правда. Сепак, реалноста покажува дека овие ветувања се само фасада, особено кога се соочуваме со очигледни примери на криминал и беззаконие, дури и во земји со „европска“ репутација. Денес сме повторно сведоци на недолично однесување на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, член на ДУИ – партија со проевропска реторика, дел од огнените, дел од власта. Наместо да покаже одговорност за наводните злодела во неговиот мандат, Ганиу демонстрираше ароганција и однесување што не доликува на јавен функционер. Особено загрижува молкот на ВМРО-ДПМНЕ, партија што се декларира како проевропска и реформаторска, во борбата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, против урбаната мафија. Станува збор за над 150 дивоградби – не мали…