ЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!
Вчера Тетово беше најзагаден град во светот, по незнаме кој пат. Град со неполни сто илјади жители, неспоредливо помалку од милионските мегаполиси во светот, под падините на прекрасната Шар планина, го дише најзагадениот воздух. Каква апсурдна состојба, опасна по живот! Во слична состојба се и останатите градови во Република Македонија! Македонија, земја на сонцето, со 340 сончеви денови, со 2 милиони жители, уште ги сече шумите и се грее на дрва, во 21-от век. Безидејноста на политичките гарнитури, корупцијата, како и најголемиот дострел на владеењето на градночалниците, цртање на маркици и зголемување на катноста, ги претворија градовите во урбани депонии и хаос, платен со здравјето на луѓето. Лицемерието за некаква загриженост на кризни штабови, влада, позиција и опозиција е ефтин театар, за да продолжи грабежот на 650 милиони…