РЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ ДИПЛОМАТ
Политичката партија Родина Македионија изразува крајно незадоволство и зачуденост од повторното протерување на руски дипломат.Протерувањето на руски дипломати станува пракса на самопрогласените македонски власти, без да се има каков било политички и дипломатски усет и мерка за реалните меѓународни состојби и околности, со што директно ја втурнуваат Република Македонија во авантуристичка сегашност и неизвесна иднина.Родина Македонија бара од македонските таканаречени власти да престанат да бидатслепи поддржувачи и послушници на западните евро – атлантски структури, без притоа да го следат автентичниот македонски интерес. Свесни дека оваа власт нема капацитет да ги препознава, чува и развива тие интереси, апелираме до македонската јавност да не ги подржува и да ги осудува овие непромислени активности на властите, зашто со ваквите потези остануваме ипонатаму недостоинствен и коленичарски субјект за западните структури, но непотребно…
