РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024

Откако е формирана во 2020 година и пререгистрирана во 2024 година, во очи на парламентарните избори, Родина Македонија за прв пат настапи на избори за пратеници во Домот на народот. Свесни сме дека нашиот говор, залагања, програмски цели, идеи за мултиполарен свет, со истовремено зачувување на автохтоната древна македонска идеја, се неколку години пред општото сфаќање на народот во нашата Татковина. Токму затоа им благодариме, но и им честитаме на храбрите Македонци, целосно излезени од системот на стариот западен еднополарен свет во изумирање, кои го дадоа својот глас за овие идеи. Во однос на тоа што Родина Македонија доби повеќе гласови од партии кои постојат повеќе време на политичката сцена, можеме и да бидеме задоволни. Но, од аспект на минатиот општествен труд, кога сегашните членови на Родина Македонија…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 9 МАЈ – ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ, СЕ ПОКЛОНИ И ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ „ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА“

Родина Македонија по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот се поклони и положи свежо цвеќе пред споменикот „Денот на победата“, во организација на Руската амбасада во Република Македонија. Жртвата на борците од антифашистичката коалиција нè обврзува да изградиме антифашистички праведен меѓународен поредок, за глобален мир и просперитет.

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 9 МАЈ – ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ, СЕ ПОКЛОНИ И ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ „ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА“

ЧЕСТИТКИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЛАДИМИР ПУТИН ЗА НЕГОВАТА ИНАУГУРАЦИЈА

Родина Македонија упатува честитки до Владимир Путин за неговата инаугурација за Претседател на Русија. Родина Македонија посебно ја цени улогата на Русија во создавање на поправеден меѓународен поредок, каде народите ќе живеат слободно. Токму вашето лидерство во изминатите децении поттикна многу народи да се отргнат од канџите на колонијалното ропство и да тргнат по патот на независноста. Ви посакуваме уште еден успешен мандат и уште посилна Русија.

ПрочитајЧЕСТИТКИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЛАДИМИР ПУТИН ЗА НЕГОВАТА ИНАУГУРАЦИЈА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 121-годишнината од смртта на нашиот македонски идеолог, учител, револуционер и водач на македонското револуционерно движење, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, Скопје, Македонија. Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

И З В Е С Т У В А Њ Е

за неприсуството на Родина Македонија на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори Во врска со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024 година, а кое се случи во Собранието на Република Македонија на ден 17.4.2024 година, политичката партија Родина Македонија ја известува јавноста дека не присуствуваше на чинот на потпишувањето на Кодексот. Постојат повеќе причини за неприсуство и непотпишување на овој Кодекс, а посебно би ги нагласиле следниве причини:             1. Во услови кога владејачката политичка структура, подржана од опозициските партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, изврши промени во Изборниот законик во самото предизборие, а со единствена цел да обезбедат стекнување на предност на претстојните парламентарни избори, сметаме дека уште на самиот почеток се доведува под сомневање чесноста…

ПрочитајИ З В Е С Т У В А Њ Е

ДИК ГИ ПОТВРДИ ЛИСТИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВО СИТЕ ШЕСТ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

На седница одржана на 12.4.2024 година ДИК ги потврди листите на Родина Македонија во сите шест изборни единици. На ждрепката одржана на истата седница, Родина Македонија го доби бројот 14 под кој ќе настапува на престојните парламентарни избори. Воедно, сакаме да укажеме на доцнење на целиот процес на потврдување на листите на кандидати. Имено, иако партиите ги доставија листите на 2 април до 24:00, 10 дена им требаше на институциите да ги потврдат истите и да се добие потребниот број за учество на изборите. Тоа се само пет дена пред официјалниот старт на кампањата со што се отежунува навременото почнување на изборната кампања на поголем дел од партиите, затоа што бројот под кој ќе се настапи на изборите игра клучна улога во печатење на материјали за кампања, флаери,…

ПрочитајДИК ГИ ПОТВРДИ ЛИСТИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВО СИТЕ ШЕСТ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

Денес, 12.4.2024 година, во паркот „Македонија“ пред спомен плочата на рускиот космонаут Јуриј Гагарин, се одржа свеченост по повод Денот на космонаутиката, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. На оваа свеченост присуствуваше и делегацијата на политичката партија Родина Македонија, предводена од Претседавачот Зоран Јованчев. Родина Македонија на пригоден начин ја изрази својата почит кон делото на познатиот руски космонаут Јуриј Гагарин, како и кон рускиот придонес кон значајните достигнувања во областа на космонаутиката. Истовремено, изразувуаме задоволство и од можноста лично да го честитаме празникот на неговата Екселенција, рускиот амбасадор во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

СОЧУВСТВО ДО РУСКИОТ НАРОД

Родина Македонија искажува најдлабоко сочувствто за жртвите од гнасниот терористички напад кој беше извршен во Москва.Нашите молитви денес се наменети токму за жртвите од овој терористичи чин, но и за целиот братски руски народ, да издржи пред налетот на повторно повампирениот фашизам и тероризам.На ранетите им посакуваме побрзо оздравување.Македонскиот народ секогаш ќе биде со вас.

ПрочитајСОЧУВСТВО ДО РУСКИОТ НАРОД

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ПОБЕДАТА НА ПУТИН

Родина Македонија испрати честитка по повод победата на г-дин Владимир Владимирович Путин на изборите за Претседател на Руската Федерација. Честитката ја пренесуваме во целост: „Почитуванa екселенцијо, господин Сергеј Бездникин, Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија,Политичката партија Родина Македонија Ви го честита Вам, на персоналот на руската амбасада во Република Македонија,како и на целиот руски народ, повторниот избор на г-дин Владимир Владимирович Путин за Претседател на Руската Федерација.Со повторниот избор на почитуваниот г-дин Владимир Владиморович Путин се надеваме дека ќе продолжи процесот на евро-азискитеинтеграции како и на создавање на услови за воспоставување на новиот слободен поредок во светот.Родина Македонија, исто така, очекува дека неповолните политички односи, случувања и состојби во Република Македонија во блиска иднина ќе завршат и дека со тоа ќе се создадат услови за нормализирање на…

ПрочитајЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ПОБЕДАТА НА ПУТИН

ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

Започа постапката за собирање на 10.000 потписи за независниот кандидат за Претседател, проф. Вело Марковски. Рокот за собирање потписи започнува на 23-ти февруари (петок) и завршува на 8-ми март (петок). Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Вело Марковски е уште една можност за вистинска демократизација на Република Македонија и заштита на македонските национални интереси. Проф. Вело Марковски е вистински одговор за предизвиците кои се предизвикани од геополитичките промени, но и од здравствените глобални кризи со пандемиите кои се очекуваат во блиска иднина. Во суштина, тоа е родољубив чин на секој еден припадник на македонската нација. Нотари, работно време (8:00-16:30): Андријана Ѓорѓеска, Општина Аеродром, нас. Ново Лисиче. Адреса: Бул. Видео Смилевски Бато бр.22/1-3. Хакија Чоловиќ, Општина Кисела Вода, нас. Драчево. Адреса: Ул. Ниџе Планина бр. 16, пред бензинската пумпа…

ПрочитајЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ