Демократијата е мртва! Учествувај со Родина во креирањето на изворни и праведни Македонски и глобални системи на државно уредување
Човештвото во моментов се наоѓа во клучен период на транзиција меѓу две големи парадигми на светската историја. Стариот свет, во кој сите ние израснавме веќе не функционира и не е по мерката на поголем дел од народите и луѓето, но е силно поддржуван од бившите центри на моќ и нивните глобални марионети кои имаат корист од неговата паразитна и деструктивна природа. Сепак, и покрај нивните жестоки напори, системот е толку затруен, изнемоштен и корумпиран така што не може и нема да трае. Во оваа фаза, оние кои профитираат од него го покажуваат пред светот своето “блескаво” Потемкиново село, служејќи се со измама, манипулација движени од ненаситност и страв од идната одоворност што ќе ја сносат. Но, помогнати од децентрализацијата на информациите преку социјалните мрежи и независни медиуми/блогови со…