You are currently viewing II СОБРАНИЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Ја известуваме јавноста дека на ден 20.05.2023 година, во седиштето на Родина Македонија, во центарот на градот Скопје, се одржа второто Собрание на политичката партија Родина Македонија.

На седницата зедоа учество делегати од општинските одбори, претседавачи на комисии, членови на претседателството, членови на Советот на иницијатори, како и членови во својство на гости.

Претседавачот на претседателството на Родина Македонија Зоран Јованчев, имаше воведно излагање за досегашното работење на политичката партија Родина Македонија. Во неговиот извештај беше опфатен периодот од самите почетоци, кога формирањето на Родина Македонија се најави како инцијатива на 13 јануари 2019 г., ден Василица, потоа предизвиците со пандемијата, судските рочишта, учеството на локалните избори, активностите на терен, прогонот на нашите активисти, итн. Кога ќе се собере сѐ заедно, Родина Македонија прерасна во препознатлив субјект кој активно се бори за заштита на индивидуалните и колективни права на македонскиот народ, притоа служејќи само на македонскиот народ и никому друг.

Следна точка на дневен ред беше предлог новиот Статут на Родина Македонија, каде излагање имаше членот на Претседателството на Родина Македонија, Зоран Тапшановски. Тој ги објасни предлог-промените кои се предложени со цел подобра и пофункционална работа на партијата. Одговорајќи на новите предизвици со кои се соочува нашата држава и народ, Родина Македонија ги надополни и Целите содржани во Статутот во насока на одбрана на традиционалното македонско семејство и неутрализирање на активностите на странските и домашни здруженија кои промовираат несвојствени однесувања и појави кои се спротивни на секаков морален, етички, традиционален и културен лик кај Македонците и народностите кои живеат на територија на Република Македонија. Новиот Статут на Родина Македонија беше усвоен едногласно од страна на делегатите.

Како трета точка на дневен ред беше поставен предлогот за членови на Претседателство, претходно доставен од Советот на Иницијатори. Излагање имаше Коста Јовчевски – Корчагин, во својство на Претседавач на Советот на Родина и член на Претседателството. Излагањето содржеше елаборација за правата и обврските на Претседателството по Статутот на Родина Македонија, како и можноста да се биде негов член. Предлогот за членови на Претседателството беше едногласно донесен.

Во своето излагање Владимир Трајковски, член на Претседателството, ја истакна потребата од подобро организациско поставување на Секретеријатот на партијата и засилени теренските активности, со цел да се одговори на предизвикот кој ја очекува Родина Македонија во 2024 година, парламентарни и претседателски избори, но и пререгистрација на партијата со 1000 изјави.

За политичкото позиционирање на Родина Македонија како четврта точка, говореше Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија. Тој ја објасни идеологијата на Родина, како и поставеноста на Родина на политичката сцена. Партија која е автохтона македонска, која во себе го содржи изворниот модел на водење во кругот на Соборот, верна на идеалите на нашите претци и посветена на враќањето на исконското име, Република Македонија.

Под разно, делегатите и гостите имаа свои излагања и размисли за развојот на партијата и за возобновување на државата.

Седницата на Собранието на Родина Македонија траеше час и половина.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
(https://t.me/rodina_makedonija)

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пристапница