Родина Македонија

Кои сме ние

Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.

Зошто ние

Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ, чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.

Каде сте вие

Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.

Како започна

Започна како активизам на терен, за Македонија. Предадени од политичките структури решивме да подигнеме Организација на народот.

Нашите Ставови Реакции Соопштенија

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 29.3.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „СТАРО-НОВИТЕ ЛИЦА НА СЕВЕРНА” / ИНТРО : ДАЛИ СТЕКНАТАТА РЕАЛНОСТ ВКЛУЧУВА КОРУМПИРАНИ ПОЛИТИЧАРИ ЗА “БЕТОНИРАЊЕ” НА СЕВЕРНА“ УЧЕСНИЦИ: СОТИР КОСТОВ, политички аналитичар ТОМЧЕ ШИРКОВ, Родина Македонија На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија

Прочитај повеќе »
Соопштение

СОЧУВСТВО ДО РУСКИОТ НАРОД

Родина Македонија искажува најдлабоко сочувствто за жртвите од гнасниот терористички напад кој беше извршен во Москва.Нашите молитви денес се наменети токму за жртвите од овој терористичи чин, но и за целиот братски руски народ, да издржи пред налетот на повторно повампирениот фашизам и тероризам.На ранетите им посакуваме побрзо оздравување.Македонскиот народ

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 22.3.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „ВАТИКАН, ФАНАР, БРИСЕЛ И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА“ УЧЕСНИЦИ: ДАРДАН ВЕНЕТСКИ, Македонски манифест ЗОРАН ЈОВАНЛЕВ, Родина Македонија На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија

Прочитај повеќе »

Не пропуштај на време да бидеш информиран за нашите активности!

Нова страница, Активности - Родина Македонија

Во услови кога нашиот народ и земја се под континуирано понижување и умирање кое се спроведува преку политичкиот, здравствениот, економскиот и образовен систем, Родина Македонија како нова организација, секогаш излегуваше јавно и гласно да проговори од позиција на вистина и заштита на македонската нација. На оваа страна поставивме дел од нашите активности, со цел да ни се приклучат што повеќе Македонци, за да може суштински да го промениме овој систем и Македонија да ја направиме достојно место за живеење за нас и нашите деца.

Издвојуваме од Родински разговори

ПЕТИЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА И БРИКС

ИНФО ОД ПЕТИЦИЈАТА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА И БРИКС

Следете ги реакциите на потписниците како и одзивот на петицијата на следниот линк.

Резултати од петицијата

Родински разговори

Родински Разговори е проект на политичката партија „Родина Македонија“ кој е отворен за сите прогресивни, родољубиви Македонци кои се на линијата на Македонизмот, Вистината, праведноста и се надвор од востановените пропагандни матрици.

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

СЕКОЈ ПЕТОК 21:30 ЧАСОТ ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА И НА ЈУТУБ И РАМБЛ КАНАЛОТ
Во живо

Најчесто поставувани прашања

Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.

Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.

Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.

Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.

Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.