Родина Македонија

Кои сме ние

Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.

Зошто ние

Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ, чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.

Каде сте вие

Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.

Како започна

Започна како активизам на терен, за Македонија. Предадени од политичките структури решивме да подигнеме Организација на народот.

Не пропуштај на време да бидеш информиран за нашите активности!

Нова страница, Активности - Родина Македонија

Во услови кога нашиот народ и земја се под континуирано понижување и умирање кое се спроведува преку политичкиот, здравствениот, економскиот и образовен систем, Родина Македонија како нова организација, секогаш излегуваше јавно и гласно да проговори од позиција на вистина и заштита на македонската нација. На оваа страна поставивме дел од нашите активности, со цел да ни се приклучат што повеќе Македонци, за да може суштински да го промениме овој систем и Македонија да ја направиме достојно место за живеење за нас и нашите деца.

Издвојуваме од Родински разговори

Нашите Ставови Реакции Соопштенија

Соопштение

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО КРЕСНА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Денес ја одбележуваме 145та годишнина од кревањето на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во месноста Кресна, Пиринска Македонија.Еден од најсветлите денови во македонската ослободителна борба и врв на стремежот за независна, самостојна Македонија на Македонците. Востанието било организирано и благословено од Митрополит Натанаил Охридски (Кучевишки), а предводено од даскалот и војвода Димитар Поп-Георгиев Беровски

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 13.10.2023 (петок), 21:30

ТЕМА: ВОСТАНИЈАТА И РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ, ПРОФЕСОР, ИСТОРИЧАР На јутуб каналот на Родина Македонија https://www.youtube.com/@rodinamakedonija

Прочитај повеќе »

ИНТЕРВЈУ

Интервју на Претседавач на Родина Македонија Зоран Јованчев за штипската телевизија М Нет.

Прочитај повеќе »

ПЕТИЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА И БРИКС

ИНФО ОД ПЕТИЦИЈАТА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА И БРИКС

Следете ги реакциите на потписниците како и одзивот на петицијата на следниот линк.

Резултати од петицијата

Родински разговори

Родински Разговори е проект на политичката партија „Родина Македонија“ кој е отворен за сите прогресивни, родољубиви Македонци кои се на линијата на Македонизмот, Вистината, праведноста и се надвор од востановените пропагандни матрици.

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

СЕКОЈ ПЕТОК 21:00 ЧАСОТ ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА И НА ЈУТУБ КАНАЛОТ
Во живо

Најчесто поставувани прашања

Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.

Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.

Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.

Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.

Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.