Родина Македонија

Кои сме ние

Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.

Зошто ние

Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ, чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.

Каде сте вие

Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.

Како започна

Започна како активизам на терен, за Македонија. Предадени од политичките структури решивме да подигнеме Организација на народот.

Нашите Ставови Реакции Соопштенија

Реакција

УШТЕ ЕДЕН МЕГА КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА ВЛАДАТА И ЗАПАДНИТЕ СТРАТЕШКИ, ОВОЈ ПАТ СО АВТОПАТИШТАТА!

Тие кои ја мереа трасата на кинескиот изведувач на автопатот Кичево-Охрид, денес го одобрија договорот за изградба на коридорите 8 и 10, кој ќе биде потпишан од страна на Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Интересно е што ваков договор

Прочитај повеќе »
Колумна

ЗА РОДОЉУБНИТЕ ЖЕНИ, ВОИНКИТЕ МАКЕДОНКИ

Колумна: Елизабета Чингарова Матевска, член на Претседателството на Родина Македонија Нашата неисцрпна енегија, љубов, заложби, решителност ја црпиме од нашето славно минато, од генот, воспитувањето, традицијата од нашите мајки, баби, прабаби, од ПРАМАЈКАТА МА кои се олицетворение на нашата богата и бурна историја на Големите жени МАКЕДОНСКИ ВОИНКИ! АНГЕЛИНА МАРКУС,

Прочитај повеќе »
Реакција

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!

За само една седмица се соочивме со недостаток на леб во продавниците, продолжија дојавите за бомби во училиштата, се случија убиства на блиски луѓе од власта, продолжи аферата Телеком преку која се проневерени милионски суми, а директен учесник е т.н. премиер и уште многу други нешта… Навистина, „нивната земја“ е

Прочитај повеќе »

ПЕТИЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА И БРИКС

ИНФО ОД ПЕТИЦИЈАТА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА И БРИКС

Следете ги реакциите на потписниците како и одзивот на петицијата на следниот линк.

Резултати од петицијата

Родински разговори

Родински Разговори е проект на политичката партија „Родина Македонија“ кој е отворен за сите прогресивни, родољубиви Македонци кои се на линијата на Македонизмот, Вистината, праведноста и се надвор од востановените пропагандни матрици.

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

СЕКОЈ ПЕТОК 21:00 ЧАСОТ ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА И НА ЈУТУБ КАНАЛОТ
Во живо

Најчесто поставувани прашања

Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.

Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.

Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.

Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.

Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.