Родина Македонија
Кои сме ние
Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.
Зошто ние
Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ, чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.
Каде сте вие
Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.
Како започна
Започна како активизам на терен, за Македонија. Предадени од политичките структури решивме да подигнеме Организација на народот.
Нашите Ставови Реакции Соопштенија
СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ СО ГЕРМАНИЈА И СВИТКАНАТА КИЧМА!?
На 10-тиот Берлински самит, организиран под покровителство на германскиот канцелар, премиерот Мицковски и министерот за надворешни работи Муцунски ќе ја истакнат важноста на стратешкото партнерство на нивната земја со Герамнија. По тој повод би сакале да дадеме свој придонес во освежување на меморијата на Македонците од резултатите на таквото партнерство
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 18.10.2024 (петок), 21:30
ТЕМА: “НАЦИОНАЛИЗАМ- проблем или решение?” УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРКОВ – Претседавач на претседателството на Родина Македонија СТЕФАН АЦКОВСКИ – Претседавач на Млади Родина На нашиот јутуб и рамбле канал https://www.youtube.com/@rodinamakedonija https://rumble.com/user/RodinaMakedonija
ПОВТОРНО ЗА ДЕКОДИРАНИОТ „КОД“
Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија „При изработка на законите за безбедност на личноста, на прво местопо остварената опасност не ќе ја ставиме психотрониката како таква, тукудејството на електронските средства за масовнакомуникација. По степенот на цинично и неконтролирано перењена мозоците со таа дејност ништо не
Не пропуштај на време да бидеш информиран за нашите активности!
Нова страница, Активности - Родина Македонија
Во услови кога нашиот народ и земја се под континуирано понижување и умирање кое се спроведува преку политичкиот, здравствениот, економскиот и образовен систем, Родина Македонија како нова организација, секогаш излегуваше јавно и гласно да проговори од позиција на вистина и заштита на македонската нација. На оваа страна поставивме дел од нашите активности, со цел да ни се приклучат што повеќе Македонци, за да може суштински да го промениме овој систем и Македонија да ја направиме достојно место за живеење за нас и нашите деца.
Издвојуваме од Родински разговори
ИНФО ОД ПЕТИЦИЈАТА ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОАЗИСКАТА ЕКОНОМСКА УНИЈА И БРИКС
Следете ги реакциите на потписниците како и одзивот на петицијата на следниот линк.
Родински разговори
Родински Разговори е проект на политичката партија „Родина Македонија“ кој е отворен за сите прогресивни, родољубиви Македонци кои се на линијата на Македонизмот, Вистината, праведноста и се надвор од востановените пропагандни матрици.
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Најчесто поставувани прашања
Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.
Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.
Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.
Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.
Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.