РОДИНА МАКЕДОНИЈА ГО ЧЕСТИТА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ, 13-ти НОЕМВРИ, ОД ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР, НА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
‘‘Знамето се вееше гордо и праќаше порака: СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО‘‘! Ова се зборовите на партизанката Пенка Кралевска, заменик комесар на 12-та бригада. ‘‘Се сеќавам, продолжува да раскажува таа, на најзначајниот момент во мојот живот, кога по долга борба низ скопските улици, татнежот на оружјето и стравот во душата, го поставив знамето на врвот од Офицерскиот дом. Јас, тогаш паметам, бев најгордата скопјанка, бидејќи ја имав честа да го развиорам знамето, во чест на слободата, во чест на моите другари кои ги дадоа своите животи за својот град, за својата татковина. Драга, мојата другарка, го даде својот живот и до последната минута им помагаше на ранетите. Таа како болничарка се обидуваше да помогне на ранет војник пред училиштето ‘‘Гоце Делчев‘‘, но тоа беше нејзината последна задача. Токму тука загина…