ДИК ГИ ПОТВРДИ ЛИСТИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВО СИТЕ ШЕСТ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ
На седница одржана на 12.4.2024 година ДИК ги потврди листите на Родина Македонија во сите шест изборни единици. На ждрепката одржана на истата седница, Родина Македонија го доби бројот 14 под кој ќе настапува на престојните парламентарни избори. Воедно, сакаме да укажеме на доцнење на целиот процес на потврдување на листите на кандидати. Имено, иако партиите ги доставија листите на 2 април до 24:00, 10 дена им требаше на институциите да ги потврдат истите и да се добие потребниот број за учество на изборите. Тоа се само пет дена пред официјалниот старт на кампањата со што се отежунува навременото почнување на изборната кампања на поголем дел од партиите, затоа што бројот под кој ќе се настапи на изборите игра клучна улога во печатење на материјали за кампања, флаери,…