И З В Е С Т У В А Њ Е

за неприсуството на Родина Македонија на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори Во врска со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024 година, а кое се случи во Собранието на Република Македонија на ден 17.4.2024 година, политичката партија Родина Македонија ја известува јавноста дека не присуствуваше на чинот на потпишувањето на Кодексот. Постојат повеќе причини за неприсуство и непотпишување на овој Кодекс, а посебно би ги нагласиле следниве причини:             1. Во услови кога владејачката политичка структура, подржана од опозициските партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, изврши промени во Изборниот законик во самото предизборие, а со единствена цел да обезбедат стекнување на предност на претстојните парламентарни избори, сметаме дека уште на самиот почеток се доведува под сомневање чесноста…

ПрочитајИ З В Е С Т У В А Њ Е