МИНИСТРЕ, КАДЕ СЕ УЧЕБНИЦИТЕ?
Второто полугодие од учебната 2022/23 година започна со проблемите кои ги наследивме од минатата година. МОН и министерот Шаќири им посакаа на учениците успешно второ полугодие, но учебниците кои требаше да бидат во ученичките чанти на почетокот на учабната година, сеуште ги нема. До крајот на наставната година остануваат уште четири месеци. Ветувања од министерот има, ама од учебниците за основците и средношколците нема ни трага. Образованието потсетува на после воениот период. Учениците учат од прибелешки и фотокопиран материјал или од материјали достапни во електронска форма. Ништо од бесплатното образование и почитување на законот за авторство. Пред почетокот на второто полугодие, министерот истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно-гимназиско образование, а речиси сите учебници за средното стручно образование ќе бидат целосно достапни во електронска…