You are currently viewing МИНИСТРЕ, КАДЕ СЕ УЧЕБНИЦИТЕ?

Второто полугодие од учебната 2022/23 година започна со проблемите кои ги наследивме од минатата година. МОН и министерот Шаќири им посакаа на учениците успешно второ полугодие, но учебниците кои требаше да бидат во ученичките чанти на почетокот на учабната година, сеуште ги нема. До крајот на наставната година остануваат уште четири месеци. Ветувања од министерот има, ама од учебниците за основците и средношколците нема ни трага. Образованието потсетува на после воениот период. Учениците учат од прибелешки и фотокопиран материјал или од материјали достапни во електронска форма. Ништо од бесплатното образование и почитување на законот за авторство.

Пред почетокот на второто полугодие, министерот истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно-гимназиско образование, а речиси сите учебници за средното стручно образование ќе бидат целосно достапни во електронска форма.

МОН се пофали дека ќе обезбеди и нови учебници по странски јазици за основно и средно образование и дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по математика и општество за второ одделение.

Во поздравната честитка на МОН и министерот Шаќири до учениците, меѓу другото е изјавата дека:

– „Како клучни приоритети ќе ги наведам процесите за продолжување на тековните и отпочнување на низа нови инфраструктурни инвестиции во општините каде се нотирани најголеми потреби од вложувања, а во над 100 училишта во сите општини ќе се подобри ИТ инфраструктурата и ќе се изградат пристапни рампи“. Во суштина, министерот многу кажа, но ништо не рече.

Воедно, тој ја утеши јавноста дека – „Ќе продолжи испораката на веќе одобрените и набавката на нови учебници за основното и средното образование“ ……

Ало министре, обезбедете ни ги бесплатните учебници за да можат да учат учениците, а знаеме дека ИТ во нашето образование, за жал, ќе остане научна фантастика!

Од тука со право прашуваме:

  • Зошто толкаво брзање за воведување на нова образовна реформа, без јавна дебата на образовната фела, програма која наиде на голема критика од оние кои се директно вклучени во образовниот процес и за која продолжуваат поплаките од наставниот кадар?
  • Колку МОН како инстутуција ја исполнува својата законска обрска и ги штити правата на децата согласно законот за недискриминација, да им обезбеди на учениците услови за непречено бесплатно образование?
  • Со кое право МОН го суспендира законот за авторски права, јавно препорачувајќи фотокопирање на учебници што се коси и со законот за бесплатно образование?
  • Во која сериозна држава се воведува инстант реформа во образованието без пред тоа да бидат изготвени учебници по сите предмети и за сите ученици, како што наложува законот?