You are currently viewing ГЛОБАЛНО-ЕКОНОМСКА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, А НИЕ  КАКО ПОНАТАМУ?
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: ЕЛИЗАБЕТА ЧИНГАРОВА МАТЕВСКА, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Вовед

Глобалните економии се соочуваат со потенцијален енергетски шок, трет шок во изминатиот половина век. Трошоците за енергија, но и безбедноста се вратија на централно место, како и сознанието дека светот останува длабоко зависен од сигурните резерви на нафта, природен гас и јаглен.

Во овие околности, креаторите на политиката, посебно во ЕУ, почнуваат да ја сфаќаат огромната тешкотија да заменат дури и само 10% од глобалните јаглеводороди, делот што го обезбедуваат од Русија.

Посебно важно е што повеќе земји од Европа, се преорентираа кон природниот гас (некогашниот заспан ресурс), како дел од транзицијата кон почиста енергија, бидејќи настојуваат постепено да ја укинат употребата на понечисти фосилни горива како што е јагленот, а во некои случаи инуклеарната енергија.

Патот за декарбонизација е започнат и треба да се опстои на него, тоа е зацртано во ЕУ И САД, (иако има и доста контроверзи окулу него, како што е злоупотребата на берзата за СО2 и сл).

Но и покрај постојаното ескалирање на агресивната реторика, „енергетска транзиција“, светот е далеку од зависноста од јаглеводороди и таа агенда не е изводлива во строго зацртана временска рамка.

Мора да се потенцира реалноста, наспроти реториката и трилиони долари трошоци и субвенции за транзицијата. Факт е дека нема значителна промена на светскиот енергетски систем, ниту пак се променија долгогодишните геополитички тензии за снабдувањето со горива, кои се клучни за опстанок. Цивилизацијата сѐ уште зависи од јаглеводородите кои опфаќаат 84% од целата енергија, што е само 2% помалку од пред две децении. Сончевите и ветерните технологии денес обезбедуваат едвај 5% од глобалната енергија.

Нешто што укажува, можеби е време за ресетирање на енергетските политики, да бидат базирани на реалноста, а не на желби и под превезот на антропогени климатски промени (нешто што светското население го прифаќа со резерва) да се оптеретуваат економиите со огромни финансиски средства.

Електричните возила (ЕВ) сѐ уште надоместуваат помалку од 0,5% од светската побарувачка на нафта. Загрижувачки податок е што некои елаборации укажуваат можни сценарија дека ЕВ испуштаат повеќе вкупен CO2 од конвенционалните автомобили во текот на нивниот активен век.

Главен поттик за инфлација е зголемената понуда на пари, обично предизвикана од масивните дефицитни трошоци на владите, „печатење пари“, така што во САД има пуштена емисија на пари зголемена за 40%, а во ЕУ за 30% повеќе.

Иако причините за актуелнава економско-енергетска криза се комплексни, не треба да си стручен аналитичар или познавач за да не можеш да ги детектираш и аргументираш.

Секако имаме право да бидеме и лути и гневни на политичарите во моменти кога секојдневно сме бомбардирани со информации за нови поскапувања на продуктите и енергенсите, особено кога населението е исцрпено и финансиски и психички од плоандемијата од ковид. Се соочуваме со најави, поточно, закани за нови енормни поскапувања во сите сегменти на општеството, посебно во урбаното живеење.

Германија, како пример

Ќе започнам со многу кратка анализа на актуелните, но и очекуваните собитија во Германија, која патем е елита во ЕУ КОЈА СЕКАКО ЌЕ БИДЕ ВО САМИОТ ЕПИЦЕНТАР НА НОВОТО ЦЕНТРИЧНО ЕУ „СЕМЕЈСТВО‘‘, а со неа можеби плус две до три држави. Најавата вели ќе има уште неколку концентрични кругови за членките во зависност од нивната економско-финансиска моќ, за да на периферија левитираат сателити држави од типот на новите членки, помеѓу кои можеби и северџанија…хехе…секако сето ова е крајно неизвесно.

Германија се соочува со сериозни предизвици во набавка на енергенси, секако после групното ЕУ сервилно удоволување на притисокот од САД, водечкиот полицаец во НАТО. Имено, санкциите кон Русија, како начин на казна поради војната со Украина, но и контра санкциите и енормното поскапување на енергенсите нафта, природен течен гас, а последователно и електричната енергија. Да потенцирам, зголемена побарувачка на енергенси имаше и пред војната во Украина, после кризата од ковид пландемијата.

Германија беше на цврст пат за целосно исфрлање на нуклеарните централи, максимално намалување на јагленот, нафтата, бензинот како енергенси. Сериозно преоѓање на енергенсот гас, кој воглавно го добива преку гасоводите од Русија. Потоа премин на обновливи енергии, соларна, енергија од ветерот и сл.

Посебен проблем во Германија е добивањето на електрична енергија, која е веќе главен енергенс и за автомобилите.

Затоа е нерационално и секако, налудничаво, упорно непопуштање на санкциите кон Русија, дури и во случај на сѐ поизвесните, идни социјални немири. Веќе сѐ погласни се спротивставувањата на разни групации почнувајќи од населението, производителите од најразлични области и рангови, како и занаетчиите, како развиена гранка во германското општество.

Зимата веќе се наближува и ќе видиме до каде ќе оди германската односно ЕУ тврдоглавоста во однос на лојалното ветување кон Украина, пред сѐ поради сервилноста кон САД, која нема значајни последици од оваа криза и војна. Напротив, САД профитира и стана најголем светски извозник на течен природен гас (ЛНГ), а со тоа ги претрка Катар и Австралија, кои беа најголеми светски извозници.

Европа плаќа неколку пати поскап гас поради покомплицирана и поскапа технологија, регасификација, терминали и сл., за испорака на гас од САД, но тоа секако првенствено ќе биде на грб на потрошувачите, пред сѐ на производството, а потоа на населението и покрај субвенционирањето.

Последици

Сега доаѓаме до поентата на оваа кратка анализа.

Кој добива, а кој губи во оваа целно наметната криза, посебно во Европа?

Некој многукратно се збогатува, а мнозинското население осиромашува и го губи достоинството, комфорот, востановениот начин на живеење. Тоа е назадување во повеќе сегменти.

Некои велат, можеби ќе има и некаков бенефит од кризава, предизвик за нови пронајдоци и начини за производство на енергија.

Германската банка ги најави зголемените ризици од „непосредна германска рецесија поради рационализирањето на енергијата“ (ограничување на износ на капитал во инвестирањето) и укажа на зголемените цени на електричната енергија во цела ЕУ, како што е и извесниот пад на целата еврозона до крајот на тековнава година.

Тука е многу важно да се земе во предвид и можноста за повторување од докажаната себичност и несоработка на членките на ЕУ, која видовме како кулминираше за време на ковид кризата.

Разрешница

Веќе има најави за очекувани нереди зимава од револтирани граѓани, масовни демонстрации, протести, нереди , кога можеби ќе се зачестат прекините на електрична енергија, ладните станови и канцеларии, пешачење по скали, енормно високи сметки, скапа храна, темни улици, итн.

Некои влади ги ублажуваат состојбите со зголемување на приходите, кои значат нешто повеќе пари за пасивниот востановен начин на потрошувачката, односно само повеќе пари за во хипермаркетите.

Револтирани од овој неправеден политичко – општествен систем, можеме да излеземе уште утре, да излеземе и бараме повеќе пари во овој пребукиран систем на бирократи, преполн со легачи лешинари на буџет, во држава која не произведува ништо и е на ММФ кредити, од кои едвај успева да ја плати само каматата.

Овакви излегувања за барање повеќе пари, барем кај нас, во Македонија веќе видовме, и тоа токму од тие кои се на товар на буџетот, образование, администрација и сл.

Тоа е цврст доказ дека овој систем е пропаднат, не функционира и нема да профункционира. Доказ дека народот се навлекол друг да му ја крои судбината,да му фрла по некоја коска да доглода. Тој е само зависен пасивен набљудувач и дел од потрошувачкиот систем. Исто како што е дел од подреденоста од воспоставениот систем на две големи партии, плус апартхејдната. Систем кој сесрдно ги прифати санкциите кон Русија, иако не знае каде му е главата, ниту опашката.

Прашање на време е, колку може да опстане овој трул систем во кој нема ниту економија, ниту правда, ниту закон. Систем во кој се краде струја, како да е лубеница во поле, а никој не одговара! Крадците се недопирливи!

Уште колку време ќе владее овој систем зависи од тоа УШТЕ КОЛКУ НИЕ ЌЕ ГО ХРАНИМЕ!

Заклучок

ПРВО И ОСНОВНО ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ, НАМ МАКЕДОНЦИТЕ ПОКРАЈ СЕТО ОВА КОЕ ТРЕБА ДА ГО РЕШИМЕ, НЕИЗОСТАВНО И ПРЕД СЀ НИ ПРЕСТОИ НАЈГОРЛИВАТА ЗАДАЧА, ВРАЌАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТСКОТО ДОСТИОИНСТВО – ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!

Поединец без достоинство не е во состојба да се соочи со сериозните предизвици, а уште помалку е во состојба да пронајде излезно решение! Најдоброто нешто што еден поединец може да го направи за себе и за својата околина е да не се занимава со тривијалности, со бројните наметнати спин теми, кои служат за одвлекување на вниманието, туку да работи на својата независност и самодоверба, без разлика на тоа што тоа е долг пат, но е единствено исправен пат кон разрешницата.

НАШЕ Е ДА ОДБЕРЕМЕ КАКО ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ВО ИДНИНА.

Го имаме нашето СВЕТО МЕСТО МАКЕДОНИЈА и тука треба да го бараме нашиот сопствен независен систем на општествено битисување.

Пријателите се пред нас. Исто и непријателите. Воопшто не е тешко да ги препознаеме и да одбереме умно!

Нелогично е целосно да се огледуваме на „пријателите‘‘ од ЕУ кои се богати и имаат уште пари за броење од колониите и сѐ уште експлоатираат ресурси. Пријатели, кои не се ниту хипокритични. Напротив, во лице ни кажаа, дека можеби во безалтернативната ЕУ некогаш и ќе влеземе, но само безимени, без идентитет, по можност со благонадежно бугарско минато, но и иднина!

Не можеме да се огледаме ниту на „стратешкиот ни партнер‘‘, нашиот докажан разнебитувач САД, безкрупулозниот отворач на војни во зависност од потребата за ресурси.

Наравоучение

Ако мојот дедо, сам со едно рало и два вола створил едно мало богатство од големи површини на обработлива земја, шуми, полиња, 3 куќи, 2 воденици, 2 гумна, 2 бакалници, а секогаш бил во своја Македонија, под турско, под српско, под бугарско, ЗОШТО НИЕ СВОИ НА СВОЕТО ДА НЕ БИДЕМЕ СВОИ КРЕАТОРИ НА СВОЈАТА ИДНИНА, СУДБИНА И ЗЕМЈА?!