You are currently viewing БАДНИКОВО ГРАНЧЕ -ИСКЛУЧИВО СРПСКИ ОБИЧАЈ???
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Сѐ почесто свештеници од МПЦ излегуват со „радикални препораки” од типот: „Палењето оган е чисто пагански обичај“ или „бадниковото гранче е чисто пагански обичај“.

Според мене, но и според Декалогот и Евангелието, станува збор за гледиште, перспектива. Општо земено, „палењето оган” е универзален, меѓународен обичај, пагански и христијански и муслимански… Сечиј и општочовечки обичај, а многу тесногледо и исклучително размислување.

Но, свештениците, т.е. некои од апологетите на „нашата црква” или подобро да речам претставниците на црквата од „нашата земја”, отидоа чекор понатаму. Имено годинава тие тврдат дека дабовото (бадниково) гранче не е наш, туку чисто српски обичај и како таков треба да се исфрли како пагански???

Дали?

Според моето скромно мислење Србите не се пагански народ и нивните обичаи не се пагански, туку типично православно-христијански и така барем илјада и сто години. За разлика од нив македонските обичаи не се пагански околу две илјади години. Барем оние официјалните и традиционално – христијанските.

Но да се задржиме на „дабовото гранче е исклучиво српски симбол и традиција”?!
Исклучиво српски???
Ајде да одиме со ноторни, докажани факти. Круната на Филип ll Македон е од Querkus Balkanensis- бадниково гранче. Кога Ахил го убил Хектор го запалиле на клада од гранки од „Илирски даб”, бадникови гранки, тоа било највисока почест…„Македон е желад, од кој ќе израсне илјадагодишен даб”- Пердика Каран (700 год п.н.е.). Ова се само неколку параметри кои укажуваат за бадниковото-дабово гранче во историјата на Македонците и Бригите воопшто. Јас лично многу читам и проучувам историја, но не сум знаел дека: Александар, Филип, Архелај, Пердика, Каран, Ахил, Хектрор и останати биле Срби или употребата на дабово гранче од нивна страна било ИСКЛУЧИВО „српски обичај”?!

Откако видовме дека бадниковото гранче е дел од македонските и општо пелазгиските обичаи околу три илјади години, да видиме за „Паганштината” на бадниковото српско гранче?
Што треба да красиме, т.е употребуваме за прослава на Бадник и Божик?
Што е повеќе традиционално македонско од бадниковото гранче?
Можеби елката од англосаксонската традиција закитена со црвена ѕвезда (пентаграм) на врвот? Можеби руска санка накитена со брези?
Можеби скандинавски четинари засадени во саксија, закитени со свеќички и памук (симбол за снег)…или едноставно дедо мраз со кока кола во рака?

Резиме: Препораките на „клирот” од црквата на „Нашата земја” остануваат нејасни и заматени. И секако останува нејасна намерата ШТО САКА ДА СЕ ПОСТИГНЕ со ваквите препораки??? Но останува и продолжува автодеструкцијата на македонската историја, етимологија и традиција.

П.С.

„ИЗГИНА НАРОДОТ МОЈ ЗОШТО Е БЕЗ ЗНАЕЊЕ”

„ЗОШТО ЕДЕН Е БОГ И ИМА САМО ЕДЕН ПОСРЕДНИК ПОМЕЃУ БОГА И ЛУЃЕТО, ТОЈ Е МЕСИЈАТА- ИСУС ХРИСТОС” – Тимотеј 2:5

Заклучок. Нема спасение без Христос и почитување на неговите препораки. Многу помалку е важно, дали воопшто го китите вашиот дом и дали китката е од елка, бор, цветови, пластика или бадниково гранче.

Христос посреди нас браќа и сестри.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!