You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 121-годишнината од смртта на нашиот македонски идеолог, учител, револуционер и водач на македонското револуционерно движење, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, Скопје, Македонија.

Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?