Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба, нашиот учител кој го будеше поробениот македонски народ од вековното турско ропство, после век и половина повторно го обединува и сплотува македонскиот народ, токму околу идеалот за НЕЗАВИСНА, СУВЕРЕНА МАКЕДОНСКА држава.
Политички партии со различни идеологии, организации, поединци, сите сплотени во мислата и идеалот заедно ќе го чуваат почивалиштето на нашиот Гоце Делчев од врховистички игри кои, како и во ХIX век, така и денес, се водени од западните центри на моќ.
Родина Македонија како суверенистичка и народна партија упатува јавен повик до своето членство, симпатизери и народот македонски за мирно и достоинтвено бдеење пред почивалиштетото на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, од петок попладне, па сѐ до сабота, кога делегација ќе положи цвеќе.
Од четворицата синови на Никола и Султана Делчеви од Кукуш, Егејска Македонија, тројца загинале за слободата на Македонија, Мицо, Гоце и Милан, а Христо, најмладиот брат починал од природна смрт, но и тој бил дел од македонското револуционерно движење.
Да ги спомениме и нив!
Во тек на чествувањето да бидеме будни и да ги запреме сите провокации на време, да не бидеме дел од врховистичките игри на власта и другите центри на моќ и како што доликува на македонскиот народ, културно да ги победиме, како што беше и мислата на Гоце, „кој светот го разбираше како културен натпревар помеѓу народите“.
Ќе изгрее повторно сонцето на слободата за Македонците во суверена Република Македонија!