ПИШУВА МАРТИН БУРОВСКИ. ЧЛЕН НА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Уште во 2018 година кога за втор пат ја напуштив државата поради школување, отецот ме благослови и рече: „Ја напушташ Македонија кога е во едно големо искушение”. Но, тогаш бев помлад и секако колективната свест како уметник не ми дозволуваше да ја заборавам Татковината. По моето враќање дома и до ден денешен искушенијата сѐ повеќе и повеќе вријат и зовираат на нашето тло и нашата Татковина како да го губи тлото под нозе.
Навидум личи дека нашата земја има премногу народ, па не водиме грижа еден за друг и затоа млади, а и постари животи згаснуваат сѐ повеќе и повеќе. Мојата порака е дека животот не е борба! Животот е љубов и смирение пред Бога. Така никој нема да биде лишен од ниту една есхатолошка преспектива на постоењето.
Секако дека со животот и здравјето не смееме ниту да помислиме да си поиграме, а не пак да сториме нешто такво без разлика на нашата професија, функција или општествен чин. Но, за жал, сето тоа се случува низ годините во нашата убава, но окупирана држава Македонија и ќе се случува сѐ додека секој, почнувајќи од најголемиот чиновник и функционер, па сѐ до најобичниот човек не го свитка грбот пред Бога!
Секоја општествена неодговорност и човечко безумие скапо се плаќа. За жал, овој радикален бран на (не)снабдување со лекови во Македонија оваа година ме опфати и мене. Лекот Литиум е сериозен лек, всушност тоа е хемиска супстанца од хемискиот елемент Li и терапијата со него не смее да се прекине. Лекот во Македонија го нема веќе три месеци, а го примаат луѓе од најразлични потреби.
Јас овој пат ќе бидам конкретен и директен: Зарем едно 25 годишно момче треба да ви пишува текст со тоа што ќе каже дека некои созреваат порано, некои подоцна, а некои никогаш?! Оние кои никогаш не созреале ги молам да ги напуштат општествените и административните позиции бидејќи таа ваша неодговорност и несвесност, па можам веќе да кажам и нечовечност некој скапо ја плаќа!
Мисла за крај: Трагедијата не бира богати или сиромашни, талентирани или интелегентни. Кога ќе се случи, не ќе знаете каде е север, каде е југ, каде е истокот и каде е западот.
Ви благодарам на разбирањето со надеж за што можно побрзо подобрување на општествениот систем и меѓучовечките релации.
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија https://t.me/rodina_makedonija
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!