Врз основа на членовите 11, 12 и 13 од Законот за политичките патрии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/2004, 5/2007, 8/2007, 5/2008 и 23/13) и точката 2 од Одлуката за отпочнување на постапка за собирање на потписи за основање на политичката партија Родина Македонија, Иницијативниот одбор за основање на политичката партија Родина Македонија, на состанокот одржан на 16.12.2019 година, изготви

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за отпочнување на постапка за собирање на потписи за основање на политичката партија Родина Македонија

Се известуваат сите поддржувачи како и други заинтересирани лица дека започнувајќи од 23.12.2019 (понеделник) се отпочнува постапката за собирање на потписи за основање и доброволно членство во политичката партија Родина Македонија.

Иницијативниот одбор на Родина Македонијa го изготви ова известување и го доставува до поддржувачите и до сите заинтересирани лица, заради нивно запознавање со постапката за поднесување на документи пред нотар, како и за понатамошно постапување.

Секое лице кое има намера да ја поддржи иницијативата за основање на политичката партија Родина Македонија, треба да се обрати до нотар со цел да ја завери изјавата. Значи, потписите за основање на политичка партија се даваат со изјави пред нотар.

Секој поддржувач, односно заинтересирано лице, треба да извади и документ за државјанство кој, заедно со заверената изјава и копија од личната карта, ја доставува до иницијативниот одбор заради комплетирање на досиејата за пред Регистрациониот суд.

Изјавите ќе почнат да се заверуваат пред нотар, почнувајќи од 23.12.2019 година. 

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА