You are currently viewing ЧЕСТИТКИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЛАДИМИР ПУТИН ЗА НЕГОВАТА ИНАУГУРАЦИЈА

Родина Македонија упатува честитки до Владимир Путин за неговата инаугурација за Претседател на Русија. Родина Македонија посебно ја цени улогата на Русија во создавање на поправеден меѓународен поредок, каде народите ќе живеат слободно. Токму вашето лидерство во изминатите децении поттикна многу народи да се отргнат од канџите на колонијалното ропство и да тргнат по патот на независноста. Ви посакуваме уште еден успешен мандат и уште посилна Русија.