You are currently viewing ЛОШИОТ ЗМЕЕВ И ДОБРИОТ РОД
  • Post category:Колумна

Пишува: Томче Ширков, Претседавач на претседателството на Родина Македонија

Во последната емисија на КОД на Снежана Лупевска, “новинарот” и “разузнувач” на чија дојава започна конфликтот во 2001 год; Но се интензивираше и погубната доктрина “Некои прашања не заслужуваат одговор”…Се тврди дека во “Нашата земја” има малигно руско влијание, кое е платено од руски воени пари и подржано од агресорско-военото лоби на Путин?!
Директен преставник- експонент на руската воена машинерија бил Архимандритот Змеев…Тој шпиунирал, организирал “келии” на рускиот терор, но и финансирал партии во “нашата земја”. Индиректен представник- експонент на руското “малигно” влијание била партијата Родина Македонија???

Докази 0, наоди 0, база на податоци за теоријата 0;
Но затоа емисијата изобилува со говор на омраза, омаловажување и навреди кон партијата “Родина Македонија” и членови на нејзиното раководство.
Од позначајните клевети и невистини ги издвојуваме :

1) Проблематично непознато финансирање

2) Проруска партија со десни и ултра десни ставови.

3) Крајно маргинална, политички крајно неважна и општествено конспиративна.
‐————————————————————-

Ништо од горенаведеново не е вистина!
РОДИНА МАКЕДОНИЈА се финансира од членарини, донации од сопствените симпатизери и пари на граѓаните на Р.М.
Родина Македонија не е проруска партија, ниту ултра десна руска експозитура. Туку промакедонска, македонистичка, панславистичка и суверенистичка партија.

Се надеваме дека сите навреди и клевети се искажани од незнаење и нераспознавање на основните поими “Национализам” и “Нацизам”. Како и непознавање на поимите Архимандрит и завет на безсребрие.

Воедно поставуваме прашање, како тоа РОДИНА МАКЕДОНИЈА е крајно маргинална, политички занемарлива, а преставува толку голема опасност по општеството и политичкиот ситем на “вашата земја”?

Однапред ви благодариме за одговорите и промоцијата (иако тенденциозна и полна со невистини).