Најновата мерка која денес ни ја соопшти Филипче, инаку човек кој е опериран од одговорност, срам и морал, гласи, “Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции, за одење на работно место, да мора да прикажат потврда за најмалку една примена доза или да имаат пцр негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или пак да имаат потврда за прележана болест не постара од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека дозата не може да ја примат, а тоа се некои од ретките имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат”.
Овие одулуки се ГРУБО ФАШИЗОИДНО нарушување на ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА, на здрав човек да му се налага здравствена интервенција!
Дури и болниот човек има право на избор на медицинска интервенција!
Постојано доаѓаме до суштината на кризата Планедмија Корона 19, која Родина Македонија ја предвиде во својата реакција од 18 Март 2020 година, со наслов ВЕШТАЧКИ ФАБРИКУВАНАТА ПАНИКА ЌЕ ПОМИНЕ, ОДЗЕМАЊЕТО НА СЛОБОДИТЕ Е ПЛАНИРАНО ДА ОСТАНЕ – РОДИНА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИ ТОА! (линк до реакцијата)
Не се толку далеку локалните избори, за да се потсетиме на сликите во кои и Филибче, Министерот кој Македонија ја донесе на врвот по број на починати од здравствениот систем, се гушкаше со сопартиците во изборните кампања, изборните митинзи, собиранки по штабови, како и неодамна отварањето на Ист Гејт молот, каде целиот државен врв беше присутен, без маски, без потврди и сертификати на присутните.
Со каков кредибилитет настапува овој министер, па и влада со премиер во оставка и кризен штаб кој нижи неуспеси?
ПОВИК ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И НОВИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ!
Тоа толку посакано обединување за доброто на народот, нека се случи денес!
Таа промена која сите ја најавувате, нека биде суштинска, а не формална.
Отфрлете ги во вашите општини и градот Скопје овие фашистички мерки на сегрегација, кои не донесоа никакво намалување на бројот на заболени, ниту намалување на број на починати.
Напротив, оваа година е многу полоша од минатата, кога немавме никаква вакцина. Да додадеме и тоа дека луѓе и со две дози вакцини, повторно заболуваат и умираат од Сарс Ков2.
Оваквите фашизоидни мерки само доведоа да цените на прехранбените прозиводи, но и на сите други услуги, екстремно се зголемат.
Се повеќе народ ги губи работните места, поради оваа Планедмија на Ковид 19.
Од Планедмија Ковид 19, се движиме кон Социјала 22.
Вашиот молк е одобрување и сте директни соучесници во економското и социјално уништување на македонската нација.
ПОВИК И ДО АДВОКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА!
Застапувајте ги бесплатно Македонците кои не ги прифаќаат мерките со кои им се ускратени со Устав загарнтираното право на слободно движење и не прифаќаат задолжителна вакцинација.
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО ПРАВНО ДА ЈА ДОБИЕМЕ ОВАА БИТКА ПРОТИВ СЕГРЕГАЦИЈАТА, НАСИЛИЕТО НА ДРЖАВАТА ВРЗ СЛОБОДИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ!