Не случајно промената на личните документи се прави во предизборието!
На СДС, но пред се на западните инжинери за изборен инжинеринг, добро им е познат односот на Македонците кон западното колонијално име „Северна“.
Да ја потсетиме оваа колонијална управа дека непочитување на Референдумот од 30 Септември 2018 година, кој инаку е составен дел од договорот, како и ставање во процедура на договор кој не е потпишан од овластено лице Претседател на држава, а таков е Преспанскиот, преставува кривично дело, за кое еден ден сигурно ќе се одговара.
Интересно е што обврските кои ги превземала колонијалната управа на Северна од тој ништовен договор, вели дека во рок од 5 години од почеток на преговорите со ЕУ треба да се променат личните документи. А ние не ги започнавме тие преговори, туку имаме нови условувања, каде душата треба да си ја дадеме на ѓаволот, односно Бугари во Устав и ревизија на историјата.
Зошто македонската нација да плаќа трошоци за промена на лични документи за ништовен договор, кој и како таков не го почитува ЕУ?
А трошоците не се мали, за едно четиричлено семејство тоа може да достигне и фантастични 15.000 денари.
Рејтингот на СДС е катастрофален, бетониран на 200 000 негови слепи поддржувачи, луѓе без своја земја и идентитет.
Токму промената на личните документи треба да обезбеди бојкот на родољубивото гласачко македонско ткиво. Во такви услови и со така низок рејтинг на СДС, како и со четироструките државјанства на 150 000 Албанци кои циркулираат во 4 држави на Балканот, ќе се обезбеди повторно власт во Република Македонија.
Тоа е многу опасен процес по македонските национални интереси, да се остави оваа власт уште 4 години!
Родина Македонија ја повикуваа парламентарна и вонпарламентарна опозицијата на заеднички настап во спречување на овој процес и нарушување на нормалните услови за престојните избори, ако има нешто нормално во оваа колонија „Северна“, како и почитување на Референдумот од 30 Септември 2018 година!
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!