You are currently viewing СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

По повод последните случувања околу недоразбирањата со генералниот секретар на Родина Македонија, Владимир Трајковски, на нашите членови, симпатизери и сите поддржувачи на нашата идеологија и кауза им соопштуваме:

Во Родина Македонија се практикува став дека секој има право на свое мислење и постапки сѐ додека тоа не се коси со доктрината, идеологијата и каузата на партијата и не предизвикува штета за неа и државата. Статутот на Родина Македонија е камен темелник и бедем кој ја заштити од претходни напади и кој истото ќе го прави и во иднина. Заедничките ставови на партијата ги донесува мнозинство од членовите на претседателството, а не еден човек.

Владимир Трајковски е член на Советот на Родина во кој членуваат иницијаторите на самата идеја и создавање на партијата. Од првото основачко собрание е и член на Претседателството, а од пред извесно време му се укажа доверба да ја преземе и функцијата генерален секретар на партијата. Во досегашното негово работење, неспорна е неговата улога во формирање на неколку општински одбори на Родина Македонија. Исто така, Трајковски придонесе во афирмирање на идејата на партијата преку водење на подкастот Родински разговори. За неговите ангажмани и придонеси членовите на партијата и Претседателството искажуваат благодарност и задоволство.

Но, исто така Трајковски неколку пати има поднесено оставки од член на Претседателството во усен и пишан разговор, но никогаш и официјално, во Архивата на партијата. Исто така, има пишувано навредливи статуси и преземано акции кои не го одразуваат официјалниот став и карактер на партијата за што бeше неколку пати усно опоменуван. Токму споменувањето на претходно преземена акција на своја рака и непостапување за нешто кое ветил дека ќе го сработи било и повод за дискусијата пред започнување на Родински разговори на 14.7.2023 г., но сето тоа било кажано без осудување, туку само како факт. За жал, Трајковси демонстративно ја напушти емисијата пред таа да започне. Уште повеќе, започна да навредува членови на претседателството јавно и да изнесува невистини, навреди и клевети.

Поради тоа, на ден 17.7.2023 г. тричлената Дисциплинска комисија на Родина Македонија заседаваше и согласно своите надлежности достави едногласен предлог до Претседателството за исклучување на Владимир Трајковски од членство во партијата.

Во предлогот за исклучување од партијата се вели: „Дисциплинската комисија предлага исклучување на Владимир Трајковски заради сторени лесни и тешки дисциплински повреди на Статутот и на Правилникот за однесувањето, постапувањето и одговорноста на членовите на Родина Македонија, како што се: неосновани и навредливи напади на органите и телата на Партијата, недолично однесување кон одредени поединци на Партијата, јавно нанесување штета на угледот на Партијата, како и заради повреди на членовите 10 и 12 од Статутот на Родина Македонија и членовите 3, 4, 5, 6 и 8 од Правилникот  за однесувањето, постапувањето и одговорноста на членовите на Родина Македонија.“

Претседателството на Родина Македонија на својата седница одржана истиот ден подоцна го разгледа предлогот за исклучување на Владимир Трајковски од членство во партијата и едногласно донесе одлука тој да биде расрешен од функцијата генерален секретар пред истекување на мандатот и да биде исклучен од органите на партијата и од неа во целост.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/