You are currently viewing СТАРИОТ КОНСТРУКТ НА ЗАПАДНИТЕ ПРОПАГАНДНИ СИСТЕМИ ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ И НИВНИТЕ ДЕНЕШНИ ИСПОСТАВИ!

Со текст со наслов „МОДЕЛ НА РУСКО ВЛИЈАНИЕ ПРЕКУ ПРОКСИ-ИЗВОРИ И ИНСТИТУЦИИ, ПРЕД ИЛИ ЗА ВРЕМЕ НА КЛУЧНИТЕ МОМЕНТИ ВО ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАТА“ од 14 Ноември 2020 година, порталот F2N2 (Fighting Fake News Narratives) или во превод „борци против лажни вести“, беше спомната нашата политичка партија Родина Македонија, во крајно лажен контекст, односно класичен Fake News Narratives, веќе виден во светот со Навални, Скрипал случајот, Русијагејт, итн. 

Конструктот на текстот е потпрен на една приватна посета на нашата земја од страна на претседателот на меѓународната организација „РУСОВ“, Андреј Родионов, кој е голем пријател на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. 
F2N2 „борците за лажните вести“, инаку финансирани од американска амбасада и брифирани од домашни и странски служби, токму таа посета ја користат за цел еден конструкт за руско влијание на Балканот, Македонија. На нас, но и на сѐ повеќе народ ни е јасно дека оваквите пАртали се креирани со цел , да ловат вештерки на Балканот, по стар западен метод од времето на инквизицијата.

Текстот изобилува со веќе видена стандардна англо-саконска пропаганда, стара 200 години на овие простори, како сакаат Русите да го дестабилизираат просторот кој е екслузивно под англо-саконско влијание и директива. Притоа забораваат дека на Балканот со милениуми живее словенско население кое е уништувано токму од англо-саксонските структури. 
Ние ќе спомнеме дел од тие политики:
– Поделбата на Македонија 1913. 
– Промената на етничката карта на Егејска Македонија со Договорот од Лозано 1924 и увоз на 1,2 милиони разнородно христијанско население од мала Азија, кои добија ексклузивно право да се изјаснуваат како Македонци! Денес има идентичен таков проект со мигрантите на Балканот, воден од истите сили.
– Фашистичката окупација од 1941-1945.
– Државниот удар на АСНОМ 1946.
– Бомбардирањето на Беломорска Македонија од страна на американските, британските и француски авиони во 1948 година.
– Негирање на името Република Македонија низ целиот период од независноста од 1991 до денес.
– Косово, преседан промена на границите, прв таков после втората светска војна, денеска меѓународен протекторат на САД, Велика Британија, Франција и Италија.
– Шарената револуција, класична хибридна војна од западен терк за уривање на Уставниот поредок на Република Македонија и промена на името, 2016…
– Непочитување на волјата на граѓаните на Македонија од Референдумите од 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година, итн.. 

Да нотираме, сите овие активности на западните сили на овие простори, денеска не се предмет на анализи и договори за репарација, туку истите тие покажуваат со прст кон другиот, оштетениот. Класично лицемерие и беда на една империја во изумирање. 
Никаде ги нема правата на Македонците во Грција, Бугарија, членки на ЕУ и НАТО.

Добар дел од западните сили имаат двојни стандарди кога се работи за Русија и не само за Русија. Денес САД купуваат ракетни мотори за космичката програма од Русија, Германија го гради вториот северен ток за гас од Русија, Велика Британија за пет пати го зголемила увозот на гас од Русија итн…

Родина Македонија од оваквите „Ловци на Лажни Вести“, инаку обични платеници, во континуитет е предмет на дискредитација.

Родина Македонија е организација на народот, таа не е ниту екстремна, лева, десна. Таа е есенција на идното време!
Таа е и лева и десна, мирољубива, родољубива, ако е потребно ќе се положи за својата земја и народ, е за соработа со Русија, со суверените нации на Европа, САД, Африка, Азија…
Ние сме за Балкан со еднакви права за сите народи.
Поради суверенистичката политика на Претседателот Доналд Трамп, ние меѓу првите му ја искажавме поддршката на овие избори. Целата нашата содржина во изминатата година е јавна, нашето работење е транспарентно и никому не должиме ништо, на ниту една амбасада, странска земја, служба, олигарх…

На крај да ви помогнеме, затоа што го гледаме вашиот ограничен интелектуален капацитет.
Умрена е англо-саксонската глобалистичка матрицата на која се ловеа народите.
Доаѓа постзападен свет, мулти-поларниот свет, доаѓа суверенизмот каде секој народ ќе одлучува за својата земја, со кого и како ќе соработува.

Родина Македонија е репрезент на тоа идно време и ќе се избори за таа заложба.
Република Македонија да ги врати сите атрибути на суверена земја и народ и да ја врати Република Македонија во светот на достоинствени народи.
Тоа е и обврска на секој еден припадник на Родот наш Македонски!