You are currently viewing ФРАНКЕШТАЈН КРЕАЦИЈАТА „СЕВЕРНА“, КОПИЛЕ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ, ПУКА ПО СИТЕ ШАВОВИ!

Пеналите за неизградениот клинички центар кои ќе ги плати македонскиот народ изнесуваат 8,5 милиони евра, во услови кога Владата промовира некакво штедење.
Одговорност за овој непромислен трошок секако дека нема да има, затоа што во темниот вилает „Северна“ политичарот се штити во Курто & Мурто системот.

Директорка на државна клиника за време на дежурства зема поголеми примања од повеќето директори на клиника како редовна плата, само затоа што е пулен и миленик на власта и на УЧК.

Американската амбасада, односно колонијалната управа на „Северна“, ни соопштува дека Македонија, се извинуваме, Нашата земја, односно Северна, е втора по корупција во Европа.

После сите социјални инженеринзи, шарени револуции на западните агентури, коi го качија ѓубрето високо во власта со цел остварување на сопствен геополитички интерес, истите говорат за корупција на тоа ѓубре во системот, што преставува тешко лицемерие, кое е и главна карактерна особина на западната цивилизација, ако воопшто може да се нарече така.

„Северна“, копиле на западните сили е мртво!

Родина Македонија повикува на национално освестување, будење и создавање на вредносни системи каде најдобрите Македонци ќе ги заземат одговорните позиции во општеството и постигнување на социјален баланс, каде општественото добро ќе се распореди рамномерно на целата македонска нација!

Ние сме посветени на тој пат, ние сме на почеток на тој идеал, за праведна Македонија, за духовно и материјално богата Македонија, за најдобрите Македонци да служат први на својот народ.

Во таа насока, апелираме на будност и активизам!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!