На денешен ден, 8 септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за самостојна, суверена Република Македонија.
Денес го славиме денот на независноста, идеал на милениуми генерации Македонци. Генерации кои ја миросаа оваа земја со планетарни дела, кои ја издигнаа Македонија на пиедесталот на земји и народи кои даруваа на човештвото, кои назаруваа, обединуваа, просветлуваа, описменуваа.
Денес политичарите те предадоа Родино наша, те предадоа интелектуалците, УКИМ, црквата, војската, полицијата, судот и сите тие кои лебот го вадат од работниот македонски народ.
Те предадоа за глупав сон за туѓи дворови, за ситна плата и лажна сигурност.
Ние си поставивме задача: Да ја вратиме Твојата слава и славата на нашиот народ, верно и чесно служејќи ти!
Вековита да си наша Македонијо!