You are currently viewing ЈАВЕН ПОВИК!

Во овие траорни и одлучувачки моменти за нас Македонците (по род, државјанство и самоопределба), ги повикуваме сите партии и организации, независно дали се позициски или опозициски, леви или десни:

ЗАЕДНО И ОДЛУЧНО да се спротивставиме на шовинистичките и геноцидни предлози на Бугарија и ЕУ (како извршител).

РОДИНА МАКЕДОНИЈА во континуитет предупредува дека неминовно ќе дојдеме до ова следејќи го патот „Еден е изборот“. Не радува трезнењето на поединци и групи во парламентарната опозиција и позиција, за смртната опасност од т.н ” Француски предлог”.

Затоа, свесни дека заедно сме посилни и покрај драстичните разлики во нашата идеологија и делување, но и свесни дека вие сеуште имате контрола над многу Македонци, родољуби и чесни патриоти…ве повикуваме заедно и вистински да застанеме во одбрана на МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНЦИ.

Да ја отфрлиме излитената флоскула #ИзборотЕеден!
И да си го одбраниме своето!

Сега е вистинското време и шанса да се обединиме барем по ова прашање, наместо да се ” обединиме” за фотосесија.

Да преживееме денес, за да се бориме утре!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!