Пресудата на Уставниот суд во корист на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, каде не се поведе постапка за уставноста на специјалниот закон за изградба без тендер на автопатите од кордирите 8 и 10, уште еднаш ни ја покажа бедата на судот и институциите на Република Македонија.
Да се гради без тендер, без барање на подобра понуда, со народни пари на Македонците, по цена многу повисока од цената на чинење на километар автопат, претставува уште едно ВЕЛЕПРЕДАВСТВО И КРИМИНАЛЕН АКТ на судот, политичкиот систем и институциите на оваа држава кон сопствениот народ.
Милјардите евра долг за изградба на тие автопати, кои ќе паднат врз грбот на нашиот народ, идните поколенија, ќе останат, а криминалот ќе помине, доколку останеме неми на овие процеси во нашата држава.
Во исто време, ни се појави и мотивот за убиството на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, одосно домашниот ископ на јаглен.
Увоз на јаглен од Косово!
Знаеме дека таму стратешките партнери на СДС и ДПМНЕ, американските тајкуни на чело со Џорџ Робертсон ги држат резервите на јаглен, кои мора некој да ги купи.
Систематското уништување на домашниот ископ на јаглен, исто така пропратен со тешки криминали, го имаа токму овој мотив за убиство.
Веќе се договорени тендерите за увоз, претежно фирми на ДУИ, како и транспортот до македонските термоцентрали.
Сето ова ќе биде платено преку сметките за струја на македонската нација и уште еднаш од народната каса на македонската нација, Буџетот на Република Македонија.
Бедна е состојбата на политичките елити кои 30 години ја ‘‘водат‘‘ оваа држава!
Нам ни е потребна нова прогресивна генерација на Македонци, која ќе работи исклучуво во интерес на македонската нација, пат на кој е посветена Родина Македонија!
Со овој политички, економски, судски и образовен систем е завршено, продуцира распад, декаденција, криминал и ДУИзација на општеството, која целата нација го плаќа со животите на своите најмили и со сиромаштијата која се‘ повеќе загосподарува на македонската земја.

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!