Skip to content Skip to footer

Бојкот како план А!

Проектот Република Северна Македонија е пораз на комплетниот општествено-политички систем, пораз на државниот апарат кој секоја година троши милијарди евра народни пари од буџетот на Република Македонија, со кои пари треба да се развиваат, промовираат и бранат македонските вредности и интереси, а не да се продаваат, со кои пари треба да се креираат подобри услови за нашите деца, наместо немо да се гледа како тие заминуваат.

Уште од првите денови на независна Република Македонија овој систем се подигаше врз коските на македонските титани на македонската револуционерна борба, врз коските на трудољубивите и чесни Македонци кои беа судени, ликвидирани, затварани, прогонувани за Македонија од кастата која служеше на туѓи центри.

Систем подигнат врз непотизам, кодошлук и неквалитет, флоскули и квази-идеологија, каде неспособните се обединија за да владеат со помош на страв, а не со знаење и квалитет. Животот го даваме – Трст не го даваме, ечеше низ етерот на слободна Македонија  додека истовремено се ликвидираше македонската интелигенција. Национализација, Денационализација, Приватизација,евроатланска (дез)интеграција за на крај да добиеме каста која себе си се нарекува елита, а која во суштина е самото дно на човековото постоење.

Геноцидниот проект Република Северна Македонија е изворно креиран на запад и претставува геостратешки проект за освојување на територија со хибридна војна водена од агенти на западните служби, со кои Заев се фали на секој чекор, со мобилизирање на дното од невладиниот сектор, како и терористички групации од западниот протекторат Косово.

Тој проект ја урна Република Македонија, го урна Уставот, законите и волјата на македонскиот народот и неговото меѓународното загарантирано правото на самоопределување. Тоа е геноциден проект на една дива светска темна елита која по светот убива народи во име на демократијата.

Кој во такви услови сака на избори?

Само системот СеверЏганија! Западните служби преку нивните институции само го превзедоа претходниот идеолошко пропаднат систем и му направија замена на содржината. Животото го даваме – Трст не го даваме, со НАТО и ЕУ нема алтернатива.

Зошто Бојкотот е план А?

Во услови на урнат Устав и Собрание, урната волја на македонскиот народ, во услови на ПУЧ, неможе да има избори во Република Македонија, може да има само жигосување со Северна. Овие избори се исклучително важни токму за планерите на геноцидниот проект Република Северна, како и учесниците во тој проект, односно комплетниот општествено политички систем.

Инаку ние и денеска имаме Претседател кој е опозициски расположен, барем така во јавност се претставува, па запрашајте што народот доби од сето тоа?

Основната задача на претседателските избори во „Северна“ е да го анулираат Референдумот од 30-ти септември кој беше тежок удар зададен од македонскиот народ по сите 3 прашања од тој референдум НАТО, ЕУ и Преспанскиот договор.

Затоа Бојкотот е план А за одбрана на Република Македонија од геноцидниот проект Северна, која е дива и насилно инсталирана од надвор.

Наша задача како народ е да се држиме до нашите народни вредности, до честа, до меѓународното право и да истраеме на тој пат, затоа што тоа е единствено праведен пат.

Обврска е на знаечките Македонци воспитувани во македонскиот дух и мисла да се одважат и да се обединат во промените кои токму тие Македонци ќе треба да ги донесат во новата праведна Република Македонија. Да ги креираме новите македонски организации, да предизвикаме промени во постојните и сите заедно да создадеме модерна праведна Република Македонија, држава на Македонците во 21 век.

Зоран Јованчев, член на Ииницијативниот одбор на Родина