You are currently viewing БУГАРСКИОТ (ЕВРОПСКИОТ) ФАШИЗАМ ПУШТЕН НА НАЈЈАКО ВО МАКЕДОНИЈА

На 7 октомври 2022 год. е најавено отворањето на вториот клуб на Бугарите во Македонија, во Охрид под контроверзно име „Цар Борис III“. Поразителна информација е и тоа што е објавено на социјалните мрежи од извесен Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија од Бугарија, дека наскоро треба да очекуваме промоција на уште едно бугарско здружение кое ќе се отвори во Богданци и ќе го носи името „Цар Фердинанд“.

Сега, во „селото без кучиња‘‘ бугарските фашисти заедно со внатрешните предавнички изроди воведуваат самоволие и диктатура, преку флоскулата – законски недоречености. БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ КЛУБОВИ низ македонската земја си никнуваат како отровни печурки во секој град.

Повеќе од тривијално е да се објаснува законската можност, која овозможува да се формираат т.н. клубови под имиња на докажани фашисти („Ванчо Михајлов“, „Цар Борис III“), посебно во една држава која својата долгоочекувана државност ја извојува токму во АНТИФАШИСТИЧКА БОРБА! Бугарската блумента организира самостојни паради и дефилеа како да се сопственици на ова тло, на оваа држава. Цар Борис бил докажан фашист уште од раното време на Мусолини, лојален соработник на Хитлер во Втората светска војна. На 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „конечно решение на еврејското прашање“. Тој во директна смрт ги однел Евреите од новоослободената територија, од Македонија (Скопје 5000 лица , Битола 3000 лица), сите со возови депортирани во Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори.

Старата македонска мудрост вели „Нашол село без кучиња‘‘ (та тргнал без стап) – Kога нема кој да се спротивстави, непријателот може да прави што сака и како сака. Уште oд правремиња луѓето се здружувале и живееле во заедница која им обезбедувала сигурност, заштита, топлина, храна, социјално зближување, за да во современиот свет државата, преку правно-законскиот систем ги заштитува жителите на истата, во секој сегмент на општествениот живот, но и од надворешните негативни влијанија и напади.

АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА, посебно САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, требаше да биде ТАТКОВИНА И МАТИЦА на СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВООПШТО!

Парадоксално, но вистинито, во самостојна Македонија го доживеавме најсрамниот период во постоењето на македонскиот народ и нација. Имаме своја држава, но со наметната марионетска власт. Северџанија е пандан на поимот „село без кучиња“, во вистинска смисла на зборот!

ГО ИЗГУВИВМЕ ИМЕТО

ГИ ИЗГУБИВМЕ ИДЕНТИТЕТОТ

ГО ИЗГУБИВМЕ ЈАЗИКОТ

ГО ИЗГУБИВМЕ ИСТОРИСКОТО МИНАТО

ГО ИЗГУБИВМЕ ДОСТОИНСТВОТО

Не е за занемарување ниту изјавата на заменик амбасадорот на ЕУ во Мисијата на ЕУ во Скопје, Џулијан Васало, кој во врска со отворањето на клубот, изјави дека ЕУ не се занимава со историја и гледа во иднината!?!?

Родина Македонија прашува: Каква е таа Унија која на збор се расфрла со т.н. заеднички највисоки демократски вредности, а нејзините членки се однесуваат спротивно на тие вредности? Каква е таа Унија која во духот на највисоките европски вредности отвора клубови со имиња на историски докажани ФАШИСТИ И ДЕМОНСТРИРА ФАШИЗАМ!? ДАЛИ ДЕНЕШНОТО СОВРЕМЕНО ОПШТЕСТВЕНО УРЕДУВАЊЕ МОЖЕМЕ ДА ГО НАРЕЧЕМЕ ФАШИЗАМ?