Skip to content Skip to footer

Визија – Основните и Темелни Принципи на Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео)

Ноќ спроти Василица, 12ти Јануари 2019, положување на основните темелни принципи и програмските цели (Визијата) конкретните програмски целини (Стратегијата) за ослободување на Македонскиот Народ од националното, економско, социјално ропство – Вистинскиот Македонски Пат! Ќе ја реализираме заедно со Македонскиот Народ и со сите слободолјубиви народи на светот! Потсетување на положените основни и темелни принципи за Македонија!

ОСНОВНИ И ТЕМЕЛНИ ПРИНЦИПИ

Македонија Пред Се!

Заштита и промоција на Македонија и Македонскиот идентитет, економија, култура, историја и традиција!

Македонија ќе ја штити својата територија и народ од секаква внатрешна и надворешна опасност!

Македонија ќе прави стратешки економски и безбедносни сојузи само во свој интерес!

Меѓународна соработка базирана на взаемно почитување на слободната воља и суверенитетот на нациите!

Економска, национална и индивидуална слобода за секој човек!

Градење на глобално конкурентна пазарна економија со јавни и приватни инвестиции и со социјална одговорност!

Социјална и здравствена заштита достапна за секој!

Модерно и современо образование во Македонски дух и традиција!

Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво!

Дом за секој Македонец во својата РОДИНА.

Заштитена природа и неотуѓивост на нејзините ресурси.

Праведен систем на вредности, каде најдобрите Македонци се први во редот.

Македонија е обврска на сите Македонци, јакнење на националното чувство!

Придружете ни се заедно со нашиот народ да ја доградиме и спроведеме нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ согласно народниот интерес за Редржавизација на Македонија и 4-от Илинден Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Основни и Темелни принципи на Родина

Промотивно видео на иницијативата за политичка партија Родина

Publiée par Родина Македонија sur Samedi 12 janvier 2019