‘ВЛАСТА‘ ПРИЗНА ДЕКА ПРОМЕНАТА НА ХИМНАТА, ЗНАМЕТО, ГРБОТ, Е ПОПОГУБНО НАСПРОТИ БРИСЕЛСКОТО КОНТИНУИРАНО НЕ!

You are currently viewing ‘ВЛАСТА‘  ПРИЗНА ДЕКА ПРОМЕНАТА НА ХИМНАТА, ЗНАМЕТО, ГРБОТ, Е ПОПОГУБНО  НАСПРОТИ  БРИСЕЛСКОТО КОНТИНУИРАНО НЕ!

Сепак и власта, колку и да е предавничка и неприфатена од грто народ, секако нелегитимна, призна дека промената на химната, знамето, грбот , симболите на Македонија, се попогубни за државата од континуираното добивање црвен картон од Брисел. Имено, пробниот балон за мало дневно подзасткривање на неуспехот во Брисел, сепак е пробен балон на тоа што реално не очекува.
‘Мантрата‘, ЕУ, НАТО, бескрајното повторување, начин со кој Курто и Мурто се држат децениски на власт, како да им здодеа и на погорните, па ги слушаме дури и жалопојките на предЦедникот дека не вреди да изгубиме СЕ‘ за да влеземе во ЕУ, нешто на кое не му се ни приѕира стартот!
Со каква ‘храброст‘ настапуваат т.н. аналитичари кога се дрзнуваат да даваат изјави од типот, дека актуелните државни симболи не соодвествуваат со реалната уставна слика на државата. Сегашните македонски симболи се симболи на државата Македонија!
Секако не соодветствуваат со државата северџанија, тоа е точно, но дали мора ама баш да се настапува со таква погубна и активна реторика!?
Велат да разговараме отворено за се‘, за федерализација, за кантонизација, зошто да не!
Родина Македонија, вели,
Ајде да разговараме за МАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ!
Пред се размислуваме, со свој ум и ги поставуваме состојбите како што нам ни доликува.
Да ги вратиме вистинските македонски симболи.
Знамето со шеснаесеткрако македонско сонце! Македонскиот стар грб, златен лав на црвен штит!
Да разговараме за СПАС НА МАКЕДОНИЈА!
Погубните реторики се само ставање сол на живата рана, продлабочување на кризата и оставање широк фронт на мрачните сили за остварување на нивните агенди.
Да разговараме и се бориме за враќање на СЕ‘ ОНА ШТО ПО ПРИРОДЕН И ПРАВЕН ЗАКОН НИ ПРИПАЃА НАМ НА МАКЕДОНЦИТЕ!
За тоа треба да разговараме, тоа треба да биде наша секојдневна преокупираност и таргет. Народното самоосвсетување и ослободување од досегашните политики треба да биде основа на сите анализи, дебати, разговори, поттикнувања.
Само здрава и цврста организација може да ја врати македонската држава.
Без МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, НЕМА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница