You are currently viewing ДАЛИ ПОДДРШКАТА НА МУЦУНСКИ ЗА СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Е ЗНАК ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ СТАВ НА ДПНЕ ЗА СЕМЕЈСТВОТО
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: СОФИЈА АЧКОСКА, ПРЕТСЕДАВАЧ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Уште не се спушти прашината од вчерашната бомба во ООУ „Љубен Лапе“, во Општина Аеродром одекна уште една. Со тоа стана сосема јасно дека не само што директорката на Љубен Лапе нема да биде повикана на одговорност, туку ваквите активности се вклопуваат во агендата на општината на Општината Аеродром за промоција на проектот „Родово одговорно училиште“ кое во соработка со „Македонскиот институт за европски студии“ се планира да се спроведува во училиштата на Општина Аеродром,

Претходниот министер за образование и наука Мила Царовска, насилно и нетранспарентно го воведе Сеопфатното Сексуално Образование – ССО на невладината „Хера“ во наставните програми, поради што мораше да се прости од министерската фотелја. Таа замина но, сепак ССО како кукавичко јајце го протна низ иглени уши во наставната програма, за денес на голема врата ја внесе во образованието градоначалникот Тимчо Муцунски, како надежен кадар на ДПНЕ и со тоа стана промотор на оваа програма.

Во оваа насока градоначалникот Муцунски присуствувал на обука за „Родово одговорно училиште“ за унапредување на родовата еднаквост, преку намалување на родовите стереотипи и предрасуди во општинските училишта на О. Аеродром. Оваа последна реченица содржи добро спакувани и навидум безазлени зборови чија содржина крие зад себе тенденција за атакување детската свест и можност за создавање на погрешни перцепции за половоста.

Родителите треба да знаат дека ова се почетоците за заживување на ССО. Родителите се најмоќното оружје за заштита на децата. Нивната обврска како родители, што произлегува од Законот за родители е да учествуваат во образованието и воспитанието на своите деца и никој не моќе да им го одземе тоа неприкосновено право.

На потег се родителите. Ако денес О. Аеродром е вклучена во проектот, утре ќе биде на ред вашата општина. Молчењето не е секогаш злато.