ДРЖАВЕН УДАР, ЕКОНОМСКО ПУСТОШЕЊЕ, А СЕГА И БИО ТЕРОРИЗАМ!

Франкештајн чудовиштето „Северна“, креација на западните служби, создадено во хибридна војна со државен удар, стана и БИО терорист со скафандер. Го возат во амбулантно возило, го внесуваат во тоа што треба да е дом на демократија, Собранието, а кое веќе подолго време е претворено во јавна куќа, правејќи т.н. огромен кластер.

Вообичаено Холивуд, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си, прават вакви сцени за да оправдаат одредена воена интервенција на Блискиот исток. Кај нас таа улога ја има СДС, предводена од Зоран Заев, која со своите постапки сѐ повеќе наликува на секта, отколку на некаква политичка партија.

Да ги потсетиме Зоран Заев, Кризниот штаб, министерот Филипче како лицитираа со умрени секој ден, со број на казнети граѓани за неносење маски, како со мерките го опустошија македонското општество и економија, нови милијарди долг, а стар нефункционален систем, во кој секој ден сѐ повеќе и повеќе граѓни умираат, заедно со економијата.

Државата ни е водена од глобални лудаци, кои го регрутираат најдолниот дел од нашиот народ и не само од нашиот, оние кои се криминогени, поткупливи, уценливи. Тоа е планетарен англо-саксонски глобалистички шаблон на владеење со народите, подигнат врз најниските страсти кај човекот. Нашата РОДина е во тешка морална, финансиска, уставна криза, со нарушен углед на сите институции, од пратеник, до уставен судија и војска без ознаки.

Родина Македонија повикува на сенародна мобилизација, активација на секој слободоумен Македонец од дома и иселеништвото за враќање на Републиката во служба на македонската нација.

Да се вратиме на корените на македонската цивилизација, начин на живеење, почитување која на светот му подари писменост, духовност, мир, соживот.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Напишете коментар