You are currently viewing ЕВРОПА, САД И ЗАПАДОТ ГО ПОДДРЖУВААТ ФАШИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

Родина Македонија е згрозена од молкот на учителите по право и демократија во светот, Европа, САД и целокупната западна заедница, за отварањето на т.н. бугарски културен центар во Битола, со име на озлогласен соработник на фашистите, Ванчо Михајлов.

Ние како Македонци низ историјата многу добро ги запознаваме двојните стандарди на западната заедница, кога се работи за правата на малцинствата во Македонија, визави правата на Македонците во земјите членки на ЕУ и НАТО.

Поминаа 74 години од финалето на долгодеценискиот егзодус и промена на етничка карта на Егејска Македонија, под менторство на западните сили, каде до ден денес, ниту е вратена приватната сопственост на земјиштетото насилно одземено, ниту Македонците ги имаат основните човекови права.

Напротив, извршено е целосно грцизирање на топономијата, личните имиња на Македонците, во организација на тие кои ја создадоа Грција.

Родина Македонија знае дека нема да има осуда за фашистичките пројави, како што немаше процесирање на Хашките случаи, како и сите други нелегални антидржавни дејствија во Република Македонија, во кои главен збор ги имаат токму таканаречените стратешки партнери.

Сосема ни е јасно дека сме ставени на листата на народи, врз кои е дозволено насилно дејствие, без притоа да се одговара за злосторот.

Зошто е тоа така?
Можеби затоа што сме се‘ уште православни, дел од словенската источна култура и не наведнавме глава пред Нечестивиот од запад.

Смрт на фашизмот, Слобода на народот!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

http://rodina.org.mk/pristapnica/