You are currently viewing ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Да го споменеме и вчерашниот ден 11 јанури, кој беше црешата на Хибридната војна водена од западните агенти, пред се ЦИА и американската амбасада, каде дојде до промена на името, спротивно на волјата од референдумот од 30 септември 2018 и 8 септември 1991 година.

Една од последиците на таа хибридна војна беше и тргање на Македонија од трасата на јужниот тек, со што државата остана покуса за средствата од транзит на гасот, кои беа проценети на отприлика 120 милиони евра годишно, како и цената на гасот, каде од примерете со Унгарија и Србија, гледаме дека таа е под 300$/1000м3.

Денеска Македонија плаќа 3 пати поголема цена на гас!
Родина Македонија ја повикува американската амбасада и САД, како еден од креаторите на денешните состојби, како ‘‘стратешки пријатели‘‘ на сите евроатлантисти во земјава, да помогнат и да понудат цена на гасот приближна со таа од урантиот од нив Јужен ток.

Сведоци сме и на децениските криминални шаблони во големите енергетски капацитети, каде наместо развој и надградба на истите, имаме одлевање на огромни суми на пари во приватни џепови кај старата олигархија со што капацитетите се доведени во незавидна состојба.

Малите хидроцентрали на реките, кои освен уништување на еко системот и повторно остваруваат профит кој се прелева од Буџетот кон олигархијата, суштински не донесоа ништо ново.

Испразнетите вештачки акумулации, во време кога струјата беше најефтина.

Да споменеме, дека комплетниот енергетски систем од термоелектрани, хидроцентрали, мрежа за пренос, трафостаници е изграден и преплатен од македонската нација и таа како сопственик на истаиот не може да плаќа светска цена на струја, напротив, треба да остварува профит од истите и да плаќа бенифицирана цена на струја.

Но, Курто$Мурто системот и понатаму го прави привидот, кој треба да ја плати разликата на цената, дали градот, дали државата, а во суштина и градот и државата се финансираат од Буџетот на народот.

Македонија има изградени капацитети, Македонија има и ука и наука, Македонија има и пријатели кои не продаваат магла како американскиот сон, само треба придвижување на македонската национална свест во вистинска насока.

Родина Македонија ве повикува на придвижување во таа насока!
Се‘ друго е ефтин театар во кој цената на крај ја плаќа 3 х народот, сметката на струјата, цената на функционирање на градот и државата, разликата на цена од увозот на струја.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/