Прв пат во историјата на изборите во Македонија, на легално регистрирана политичка партија, и единствена неинсталирана и изворна партија, ДИК не ѝ дозволи да достави изборна листа, при тоа остро нарушувајќи го правото на народот да бира и неговите легитимни претставници да бидат бирани!

Родина Македонија поставува неколку прашања и дилеми до учесниците во општествено политичкиот систем, нелегитимните институции на Северна Македонија: Кризниот штаб, т.н. претседател на Северна Македонија и лидерите на политичките партии, над 40 на број, денеска сите дел од Пржинската влада:

• Врз основа на какви заклучоци и потреби ги темелевте мерките на кои се потпишавте во изминатите 4 месеци и прогласивте 5 вонредни последователни состојби, во кои грубо беа прекршени основните човекови права и слободи и воведовте неколкудневни карантини чија должина зависеше од тоа на која вероисповед е празникот, кога денеска имате многу полоши бројки на заразени од „опасно смртоносниот“ КОВИД 19?

• Ако народот не смееше да појде на гробишта, во црква, да организира семејна прослава, да појде во продавница, амбуланта, училиште, факултет, во природа, зошто сега СМЕЕ да појде на ИЗБОРИ?

• Како ќе гласаат заразените од КОВИД 19, многу на број, факт кој влијае на избирачкиот список, и тоа во состојба на ПАНДЕМИЈА, односно ЕПИДЕМИЈА?

• Што се случи со правото загарантирано со Уставот на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА на граѓаните кои во изминатите неколку месеци се стекнале со право на глас и право да бидат БИРАНИ но и право НАВИСТИНА ДА БИРААТ од целата политичка опција, а не само од за вас анти-уставно пре-селектиран избор со ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВО ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС, легална и регистрирана партија која ги задоволува сите законски услови за учество во изборниот процес?

• Каде се иселениците и нивното право на глас ?

• Како ќе идентификувате луѓе под маска и како ќе земате отпечаток на прст? Напоменуваме дека не носењето на маска во затворена просторија е задолжително и се казнува по закон!

• Не е Родина Македонија единствена партија која се обрати до ДИК и ја извести истата дека се стекна со право да учествува на избори и право да поднесе изборна листа. Истото право им беше ускратено на уште две други партии кои во меѓувреме се регистрираа, а ДИК не им дозволи да земат учество и да приложат свои изборни листи. Зарем сето ова не ги прави изборите нелегитимни?

• Што се случи со правото да повикаме меѓународни набљудувачи од вистинската меѓународна заедница, како Русија, Кина и други, а не од вашата лажна Меѓународна, која всушност е една рака луѓе од Дип Стејт низ ЕУ/ОБСЕ, нелегитимни и исплукани дури и од своите сопствени народи?

Вие сте ДОЛЖНИ, иако сте НЕЛИГИТИМНИ, да одговорите на сите овие прашања!

Ние ќе бидеме трпеливи, може одговорите и западната меѓународна да ви ги напише, или некое обучено лидерче од институтите на Сорос и Конрад Аденауер. И секои такви, насилно, набрзина, килаво и незаконски спроведени избори, со забрането учество на регистрирана партија, Родина Македонија, вистинскиот носител на суверенистичката идеологија во Македонија, ЌЕ БИДАТ НЕЛЕГИТИМНИ!

Ние како Родина Македонија сме посветени на уривање на оваа крајно неспособна криминогена анти-македонска творба, менаџирана од западни глобалофашисти, кои си играат политика во најлошата театарска претстава, а која народот ја плаќа со карта од десетици милијарди евра, чест, достоинство, нормален развој, здравје и живот.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/