Skip to content Skip to footer

ИЗБОРНИОТ ФАЛСИФИКАТ ЗАПОЧНА ПРЕД ДА ЗАПОЧНАТ ИЗБОРИТЕ

Од вкупно 7.535 избирачи кои се пријавија за гласање од иселениците, ДИК одби 1.439 Македонци со право на глас. Фрапантниот пораст на одбиени пријави од неколку десетици до пред самиот крај на рокот за пријавување, до над 1.000 неважечки после затворањето на регистрацијата на иселениците за гласање е веќе виден механизам за елиминирање на сè што не е подобно за окупацискиот режим на „Северна“.

Се поставува прашањето.
Дали може да има демократски избори во услови на окупација која го носи името „Северна“?
Дали може да има фер и демократски избори со косовски автобуси, бугарски возови, фантомски гласови и списоци со починати луѓе, за која самата СДС велеше дека се стотици илјади?
Дали може да има фер и демократски избори со купување гласови од социјално ранливите категории?
Дали може да има фер и демократски избори со константно полнење на кутии, посебно изразено во места каде живеат македонски граѓани од албанско етничко потекло?
Дали може да има фер и демократски избори во едноумие кое е пострашно од едноумието за време на комунистичкото минато?
Дали може да има фер и демократски избори во услови кога ги организира Влада која изврши државен удар врз Република Македонија?

За Родина Македонија исто така индикативен е молкот на западната меѓународна заедница, која во суштина е и организаторот на државниот удар „Северна“ и процесите во нашата земја во последните 3 децении. Молчат кога се гази врз Македонецот, а најгласни се кога треба да се земе од Македонецот. Интересен древен европски стандард, уште од времето на Рим.

Упатуваме повик до политичките партии, сите до една, да се вратат на суштинската позиција на нивното постоење, да служат на македонската нација и Република Македонија, наместо на надворешните странски центри. Во краен случај, сите вие сте платени од народот на Македонија, односно Буџетот на Република Македонија.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/