Почитувани браќа и сестри Македонци. Во серија предавања кои можете да ги видите овде https://www.youtube.com/channel/UCHwlELkHypgfsoNqAbcmI6g ја дадовме историјата на како последниве две и пол години како група патриоти од Македонија и странство ја втемелија Програмата Вистинскиот Македонски Пат и нејзината државна, економска, политичка, социјална и геостратешка основаност.

Предавањата: Ре-Државизација и Возобновување на Македонската Државност – Вистинскиот Македонски Пат, ја даваат рамката за општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски прoцеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина.

Сега, со последниот петти дел од предавањето, ја најавуваме, единствената програма која одговора на жестоките предизвици каде поразениот неолиберализам под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија сега ја изложуваме пред нашиот Македонскиот Народ за нејзино заедничко доработување, и, најважно за заедничко спроведување.

Во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја, козметика не е лек за темелните проблеми.

Со Вистинскиот Македонски Пат Македонија сега има политичка платформа и сила за спроведување на победничката суверенистичка идеологија во мултиполарниот свет.

Врз основа на основните темелни принципи и програмските цели (1. Визија) ги представуваме конкретните програмски целини (2. Стратегија) за ослободување на Македонскиот Народ од националното, економско, социјално ропство – Вистинскиот Македонски Пат.

Врз основа на 1. Визијата и 2. Стратегијата веќе изработуваме 3. Детален Оперативен план за спроведување на програмата. Приклучи се како Македонец, граѓанин, професионалец, експерт во доработка и на стратегијата и оперативниот план и нејзината заедничка реализација за ослободување на нашата татковина Македонија и поставување на здрави темели за следните 1.000 години!

ф

(ВИДЕО Петти Дел) Ре-Државизација и Возобновување на Македонската Државност – Вистинскиот Македонски Пат – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат.

Но тука почнува интересното. Токму тоа раз-државување и уривање на можноста волјата на народите и поединците да се канализира во некогаш светите демократски процеси, се покажа и дека е смртната пресуда за глобалистите Незадоволни од се побезобразната, дрска и веќе и нескриена примена на гобалофашистичките идеји со гола експлоатација и поробување и обеднување на секој еден поединец и народ, незадоволни од огромната нееднаквост која таа ја предизвикува, замолкнати од цензурата на официјалните медиуми и на социјалните мрежи, и најнезадоволни од немањето глас за нивните насушни и суштински прашања како на пример дали да бидат преплавени со мигранти и немоќни да ги зачуваат своите традиционални вредности, се случи неочекувното, пасивизираните и навидум столчени и зомбирани народи се кренаа!

Сведоци сме на страшен и брз колапс на тој неолиберален глобалофашизам кај оние што најмалку се очекуваше, самите граѓани и народи на САД и Европа. Сведоци сме на еквиваленти на средновековните селски буни со вили и секири во денешните Жолти Елеци, Брекситери, гласачите на Трамп, подржувачите на Салвини како и огромен пораст на патриотски партии низ целиот таканаречен Западен Свет од чии некогаш познати западни вредности, права и слободи не остана речиси ни трага.

Така неминовно ќе биде и во Македонија и ние како народ тоа треба да го дочекаме подготвени. Затоа група патриоти од Македонија и низ светот изработува на програма за таа визија за Ре-Државизација на Македонија по теркот кој ќе биде стандард за сите држави во тој нов праведен и слободен свет.

Програма на системски реформи кои ќе ја направат Македонија држава модел и пример за светот да ја копира бидејќи го доловува она што – според закономерноста на историскиот и општествен развој и новосоздадените геостратешки хоризонти – секоја новоослободена држава ќе мора да биде. Држава отчетна на народот, негов слуга и во негова служба. А не раз-државена аморфна структура во корист на рака меѓународни експлоататори и нивните корумпирани марионети и камшикари на сопствените народи.

И таа програма ќе се спроведе, или преку некоја партија на избори како Родина, или коалиција на патриотски партии или пак преку Народно Собрание и Народна Влада во случај на непредвилив но неминовен економски и социјален крах на Хунтата која е нелегитимна и тигар од хартија која се одржува само со пропагирање лажен имиџ во очите на тиранизираниот народ дека умирачкиот меѓународен систем кој не може и самиот да се одбрани, “стоел зад неа”. Во било кој случај ова ќе е единствената програма која ќе мора да се спроведе и во Македонија и во секоја земја која што ќе излегува од неолибералниот јарем, затоа што друг пат до национална, економска, финансиска и социјална слобода едноставно нема.

Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на ИО РОДИНА!

www.sumkoski.com

https://www.linkedin.com/in/sumkoski/

Придружете ни се заедно со нашиот народ да ја доградиме и спроведеме нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ согласно народниот интерес за Редржавизација на Македонија и 4-от Илинден Биди дел од иницијативата „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/

Видео од предавањето на Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на  ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави