Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија
Гледам огромна паника и нервоза се подигна за капата на “вмровците” на илинденскиот марш…ни едните, ни другите поим немаат, вклучително и тие што ја носат.
Па ајде да ги разјасниме основните поими:
1) Капата не се вика “Александровка” туку крумовка, или крумка. Зошто се вика така?
Затоа што е буквално реплика на поткруната на булгарскиот каган (подоцна и хан) Крум Омур. Хуно-Туранските народи се степски народи и поради постојаните ветришта во задкавкаските степи носеле кожни капи, а владетелите поткруна.
2) Кој е Корум Омур ? Словенски се изговара Крум, син на каганот Кардам Дул, и татко на Ханот Омуртаг. Тој е човекот кој од од черепот на императорот Никифор си направил чаша (пехар за вино), запомнет по своите злосторства над македонските склавини (општини) по течението на реката Струма. Македонците, но и другите словенски народи (Мизи, Траки, Анти) го нарекувале ” демонот во тело”…Тој е првиот Булгар кој го освоил градот Средец (Serdica) денес Софија. При опсадата на градот Ромеите одбиле да го бранат, и доброволно се предале, останеле буквално сами Македонците, ги предводел војводата Митруш и комитопулот Драговит. Крум иако им ветил помилување ако се предадат, излажал! По преземањето на Средец ги погубил сите бранители, а главите им ги закачил на острени дрва, 6000, биле буквално цела шума од глави..
- Како Македонците (Комитите и Илинденците) прифатиле таква капа?
Никогаш не ја носеле! Капата е возобновена и влезена во употреба во 1918г, како класичен проект на австриско-германскиот престолонаследник СаксО Бургот, Фердинанд, кој во тоа време ја владее Бугарија. Асенов е дизајнерот и промоторот кој ја изработил по специјална нарачка на Фердинанд и германскиот двор. Затоа и капата не е во целост крумовата поткруна, нема чумбас (коњска опашка), но има тевтонски шилец и целата е црна, т.е потсеќа на германски шлем од 1909г , но и од Првата Светска војна.
Токму ова е и причината поради која Тодор Александров го заменува својот традиционален македонски калпак со оваа капа, под наговор на Протогеров, но и со австриска финансиска стимулација од 11.000 златни шилинзи и 3600 пушки Манлихер Маузер (најскапата пушка во светот во тоа време).
Но и покрај се, Александров капата ја носел само за сликање и доказен материјал дека ја вовел. Во пракса ја носеле Михајловистите, фердинандовите агенти и тајната полиција на Бугарија…меѓудругите и убијците на Тодор, но и убијците на Ѓорче, Јане и многу други војводи.
4)Во триесетите години Бугарија била многу нестабилна држава пред распад, држава која изгубила 3 последователни војни, но имало и внатрешни немири.
Била идеално место за лажен романтизам и историска митологија…Заедно со формирањето на Националистичката партија, која подоцна ќе прерасне во фашистичко раководство на државата, капата крумовка, т.е “Тевтонскиот-нацистички шлем” добива се повеќе на популарност и интензитет. Се до 1944г го носат бугарските паравоени и параполициски фашистички милиции.
5) Затоа е малку, можеби многу чудно, капата крумовка да ја носат луѓе кои се декларираат за Македонци, комити, Евреи и социјалисти. Таа е дијаметрална спротивност на сево ова.
PS “Изгина народот мој зашто е без знаење.”
Македонија на Македонците
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!