You are currently viewing МАКЕДОНИЈА ВОЗДРЖАНА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ГЛОРИФИКАЦИЈА НА НАЦИЗМОТ!

На 18 ноември, во Њујорк, на состанокот на Третиот комитет на 75-та сесија на Генералното собрание на ООН, по иницијатива на Руската Федерација се гласаше по резолуција „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики што придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и други форми на нетолеранција “.

Како коавтори на оваа резолуција се јавуваат и 58 земји од сите региони на светот.

Резолуцијата беше изгласана од апсолутното мнозинство 122 земји членки на ООН,две земји САД и Украина, беа против. Воздржани беа 53 земји, вклучително и Северна Македонија, заведена под буквата “N”.

САД е отворено за глорифијација на фашизамот, дали треба да бидеме изненадени?

Тука мораме да се запрашаме каков е тој став на неопределеност, воздржаност, таа неуталност кога станува збор за фашизам? Ако ги наброиме дел од државите кои глсаа неутрално, Албанија, Бугарија, Хрватска,Естонија,Германија, Грција, Франција, Белгија, Унгарија, Италија, Шпанија, Јапонија, Норвешка, Романија, повеќе од јасно е, сите беа дел од оската на фашизмот! Европа која беше целосно уништена од фашизмот е неутрална и нема став кон него? Дали тоа наголемо се повампируваат фашистичките постулати, покриени со плашт на демократија и бројните конвенции за право и еднаквост на сите народи!?

Дали Европа, 9 мај Денот на победата на фашизамот, актуелно наречен Ден на Европа, го покрива својот срам но и нескриените стари аспирации?

Ова претставува уште еден голем срам за Македонија и македонскиот народ, кој беше дел од анти-фашистичката коалиција и кој положи 25 000 животи. Македонија која самата се избори за ослободување од фашистичките окупатори и на крајот на војната броеше скоро 100 илјадна народноослободителна антифашистичка армија.

Токму Македонија и Македонскиот народ и денеска се на удар на истите сили кои беа дел од фашистичкиот сојуз.

Промена на името надвор од меѓународните норми, домашното право и Устав, спротивно на народната волја од Референдумите, бришење на идентитетот и поставување на ////, суверенот на државноста, македонскиот народ е сведен на етничка заедница, затварање на народот, прогон на македонските родољуби, менување на историските факти, бришење на вистината, не враќаат во времето на фашизмот.

Никој не е посилен од народот и од неговите Родољуби, нашата светла мисла и идеал за поубав свет за сите!

Родина Македонија ја искажува својата поддршка за резолуцијата „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики што придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и други форми на нетолеранција “.