You are currently viewing МатеМатиУка (mathematics) И НАТО И ЕУ НЕМА АЛТЕРНАТИВА!

Пишува Зоран Јованчев, Претседавач на Родина Македонија

Пред некој ден излезе информација дека Република Македонија во првите 3 месеци потрошила 300 милиони евра од девизните резерви за енергија, односно увоз на енергенси, струја.

Во изминатите три децении од „независна“ Македонија, инаку период на 100% западно влијание, при 0% било какво друго влијание, односно бришан простор за евроатлантистите да ја претворат оваа земја во „развиена“ „демократија“ по западен терк, каде луѓето ќе живеат пристојно, платните биланси на земјата би требало во поголем дел да бидат во „+“.

Нели демократија, развој, западни приватни компании, корпорации, инвестиции, приватизации, холивуд, оскари, евровизии, „селебрити“…

Триесет години нам ни се пласира наратива на сите окупирани национални и локални фрекфенции за западот како рајско место, претставниците на западот најчесното нешто што гази на земјата, а нивните идеологии како совршенство на живтотот!

Сето тоа сублимирано во девизата, „НАТО И ЕУ НЕМА АЛТЕРНАТИВА“ изговорена од 20 политички партии лево, предводени од бившата комунистичка лева партија СДС, и 20 политички партии десно, предводени од историското „ВМРО“, односно десна партија ДПНЕ.

Јас повеќе си ја милувам Мајката на сите природни науки, МАте МАти УКАта, односно МАте-МАти-ката, визави демагогијата, без разлика дали е комунистичка или капиталистичка.

Македонија има над 300 сончеви денови, има резерви на јаглен, има термоцентрали, ураниум, требаше да има и руски јужен ток, кој само од транзит ќе носеше во народната каса транзитна каса од 120 до 130 милиони евра, како и цена на гас од 300 до 350 евра за 1000м3.

Замената на рускиот гас со друг, е по цена и до 10 пати повисока.

Дефектот на ископите на јаглен имаа единствена геополитичка цел, наместо домашните да се трошат резервите на јаглен од Косово, кои се под директна управа на петте колонијални сили, САД, Франција, Германија, Велика Британија и Италија.

Ако на ова ја додадете набавката на американско старо оружје од 210 милиони евра, како и 30.000 долари од прелет на грчките авиони, „чувари“ на македонското небо, добивате еден дел од дубиозата во Буџетот.

Задолжувањето надмина 65% од БДП, притоа немаме споменици, немаме Скопје 2014, ја немаме таканаречената фашистичка власт, имаме чисто западно неолиберално друштво и нивните пулени на сите позиции во општеството.

Да не го повторувам фактот каде македонската нација годишно е ограбена со 650 милиони евра од домашна државна и локална администрација и 650 милиони евра странски рекет, преку тендери, профити, провизии…

Математиката вели, 

Ако на НАТО и ЕУ во скоро време не најдеме алтернатива, како и на овој одроднички антивредносен државен апарат, ние ќе бидеме банкротирана држава, ограбена до коска, со осиромашен народ кој ќе живее се победно и победно и со тенденција да исчезне од картата на живи народи.

Да не говорам за проектите „СеверЏганистан“, црква, //////, кои сами по себе го даваат лицето на три децениската политика и следење на тој пат.

Мили мои Македонци, малку подзаспани, во хедонизам и како најслаба генерација која некогаш живеела на овие простори!

Ќе живееме во постзападен свет, ќе има алтернатива, само ќе треба создавање на сосема поинаков начин на организирање, односно организирање во вистински вредности, наУКА, Родина, Дом, Мајка, Семејство, Македонија.

Секое лошо нека биде за арно, па и ова три децениско зло, нека ни биде УКА, како не треба, а најдобрите Македонци во Собор да бидат пример како ТРЕБА!

Напишете коментар