Skip to content Skip to footer

МЕРКИТЕ ЗА ВИРУСОТ НЕ СМЕЕ ДА БИДАТ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРАЖБАТА НА РЕДОВНИ ГОДИШНИ 600 МИЛИОНИ ЕВРА И РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАВНИ ДОБРА!

Родина Македонија уште од поодамна посочи, користејќи стандардни индикатори точно на тие глобалистички финансиски институции, дека годишно од македонскиот буџет во приватни џебови се исцицуваат 680 милиони Евра. И еве токму колку годишно и треба на нелегитимната Хунта да ги покрие дупките на исцицаните преку тендери наши пари и редовно за толку и повеќе годишно ги задолжува нашите идни генерации за свој хир и гол арамиски опстанок со уште некој купен месец.

Пари кои нашите деца и внуци ќе треба да ги враќаат, а пари кои нелегитимната однадвор поставен Хунта ќе ги троши на тендери за скапи странски вакцини, со кои ќе не трујат и од кои заедно ќе полнат џебови со мултинационалните корпорации чии слуги се.

Причината за поставувањето на Хунтата однадвор е да го урне Македонството и тоа да го запечати со уривање на изворната македонска економија, македонскиот производител, давач на услиги, индивидуален претприемач и со тоа да ја отвори вратата за раздавање на нашите национални блага пошто-зашто на странски интереси, а ние да бидеме поробен народ и поединци на туѓите бели дворови на својата сопствена земја.

Не ја интересира Хунтата македонската економија ниту ти Македонецу, не е таа избрана од тебе ниту одговорна кон тебе. Неа покрај слугувањето на туѓи интереси за рака колнати доларчиња фрлени како на песови, сега ја интересира само голиот опстанок и за тоа неа и треба да докаже дека Македонија е неспособна да опстане и национално и економски и дека како што не кријат, ни требало камшикар, т.е. туѓ господар!

Не, Македонија ќе биде цветна градина и држава на благосостојба на Македонците и има потенцијал не само за тоа, туку да биде извозник на производи, услуги, креатива и ум и Родина Македонија ќе го ослободи тој можен природно-човечки потенцијал.

И затоа Родина Македонија им порачува на странските наредбодавачи. Ќе ги откажеме долговите направени од корумпираните во името на нашите деца и внуци, ќе си ги барате лично од нив! Родина Македонија ќе национализира секое јавно македонско добро дадено бакшиш за мал процент награда од страна на нелегитимните пучистички власти.

Така што мислете му ја и вие предавници и вие надворешни подржувачи кои сте поразени во самите сопствени држави и од самите сопствени народи. Ова е се привремено, а времето на разврската и плаќањето на борчовите кон македонскиот народ доаѓа и тоа незапирливо!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“