Република Македонија запаѓа во сѐ подлабока економска, социјална, здравствена и национална криза.
Општествениот систем кој ни е оставштина од минатиот век, нереформиран, подигнат на подобност и кодoшлак, криминал и корупција, продолжи да владее.
Единствена новина е центарот на кој служи, сега е малку позападно.
Театарот што се креира со некаква стратегија и загриженост на „државниот врв“ и Кризниот штаб за кризата со Ковид 19 е ефтина претстава платена со животите на нашите најмили.
Прес конференции исполнети со политички маркетинг, празнотија, беда и демагогија..
Наместо да се применат успешни терапии, усвојат здравствени протоколи, засили примарното здравство, мобилни екипи, мобилни болници, дополнителни капацитети за хоспитализирање, квалитетни медикаменти, подигање на имуниот систем кај населението на природен начин, ние се наоѓаме во состојба како вирусот да ни се појавил вчера.
Луѓе ни умираат од банални причини, ни умираат оставени самите на себе.
Нас ни е јасно дека криминално-пучистичка власт креирана од надвор, идеално одговара на агендите за депопулација со големи бројки на смртност, одродување со трансродово сексуално образование и со демакедонизирање со дивата Северџганија.
Родина Македонија ги повикува докторите да излезат со целата вистина во јавност, од ланските лажни препишувања на смртност на Ковид 19, па се до несигурниот ПЦР тест кој има за задача да прикаже пандемија на Ковид 19 и денешните погрешни методи на третирање на Ковид 19.
Приватните болници се срамот на ова време. Олигарси кои го кренаа имотот врз злоупотреба на општествениот имот, денес од истиот народ наплаќаат со десетици илјади евра за лечење.
Наставниците, но и родителите да го кренат гласот и да ги заштитиме децата од Сеопфатното Сексуално Образование, каде ќе се игра со невиноста на нашите деца, со нивниот природен Род.
Родина Македонија повикува и на совеста на 120 пратеници во Собранието на Република Македонија, ако воопшто ја имате, урнете ја оваа власт и воспоставете експертска техничка влада, за вас, за вашите деца, за нашите деца, за целата македонска нација. Вие треба да бидете гласот на народот, да служите на својот народ, а не да бидете само тегчиња на овој умрен општествено политички систем кој продуцира смрт, незнаење, неквалитет, предавства.
Уште лани, со првите денови на кризата, Родина Македонија предупредуваше на неспособноста на ова што се нарекува „Влада“ да се справи со кризата и потреба од експертска техничка влада. Укажувавме и на целиот конструкт со Ковид 19.
Оставка и експертска техничка влада, веднаш!
БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА