Skip to content Skip to footer

ММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА

Лоши времиња дојдоа, опасно е да не се занимаваме со политика. Да, знам обратно нѐ учеа, дека мешањето во политика знаело да биде опасно, но нашата дистанца од политиката и оставањето на нештата да ги водат т.н. политичари не е опасно, туку погубно.

Кои се политичарите кои нѐ водеа изминативе години? Нашите. А за чии интереси работеа? За сечии, само не за наши. Зошто? Затоа што не се занимававме со политика, таа работа им ја остававме ним, за тоа ги плаќавме. Упс, за тоа нѐ оданочуваат, односно крадат.

Бељата е започната некаде по наводното ослободување од фашизмот (наводно бидејќи за Македонците прогонот почнат од тогаш во континуитет трае до сега, значи допрва нѐ чека борба и македонско ослободување), односно формирањето на современата асномска македонска држава. Неполна година по формирањето на македонската влада следуваат чистките на вистинските чесни Македонци и ставање на нивно место послушници на службите од Белград. Во кус временски период се случуваат неколку реконструкции на владата и веднаш потоа и апсења на вистинските македонски лидери. Следуваат 50 години владеење на послушниците на Белград, прогон, затвор и убиства на македонските родољуби и пустошење на селските семејни стопанства во име на градската индустријализација, претежно насочена кон црпење на природните ресурси, а со која се замајуваше Македонецот. По инерција на развојот на некои „приоритетни“ републики во тогашната федерација и во Македонија се почувствуваа благодети за народот како образование, здравство, зголемен стандард, но сето тоа било само федеративна рефлексија а не соодветна македонска потреба.

Пред 30 години поради глобалните светски текови се сменија идеологијата, системот и станавме независни, наводно. Но принципот на мобилизација на политичкиот кадар остана ист, послушнички, иако газдите се сменија. Беше Белград, а сега се криминалните бирократи од западните колонијал-фашистички глобалисти. Се воведе повеќепартиски систем, позитивната рефлексија од федеративната држава исчезна, ретроградните процеси кулминираа. Работниот народ кој претходно беше тргнат од своите вековни селски стопанства и ставен во фабриките, сега го избркаа од истите и го сместија на улица да пита или да скита по белиот свет по корка леб. Грабежот почна, и оној на крупниот капитал и оној од ситните криминалци. Повторно се апсат чесни Македонци, а послушниците во улога на крадци и терористи се на власт.

Изминативе 30 години нѐ владееја „наводно две“ поголеми партии и неколку нивни привезоци. За лидери на овие партии се местени луѓе кои се послушници на туѓи, немакедонски групации од интерес. Овие т.н. лидери по принципот на кој се наместени на тие позиции, во редовите на своите партии по хиерархиски редослед поставуваа свои послушници. Овој метод од партиските штабови го пресликувааа во државните институции секогаш кога ја узурпираа власта преку помалку или повеќе лажираните избори глумејќи демократија под будното око на западните дипломати и набљудувачи. Брзината на честитање на новата власт од западните темни елити, нам познати како дипломати, е право-пропорционална со големината на изборниот фалсификат и степенот на криминогеноста на новите функционери.30 години се менуваат послушниците меѓусебно, сложно крадат, даноците сложно ги зголемуваат, буџетот расте со секоја нова влада, а народот добива сѐ помалку. Безбедноста е на критично ниво, здравството катастрофа, образованието жив срам. А ние и понатаму не се „замараме“ со политика. Е, па редно време е народот да почне да се занимава со политика, знам опасно е, но состојбата е критична. Мора народот да најде сила да формира партија која ќе биде основана на вистински македонски демократски начин без налог од некого, партија која ќе му служи на народот, а не на туѓите интереси. Партија во која хиерархијата, наместо по принципот на послушност од горе, ќе се поставува по принципот на способност од најниските редови, најдобрите во своите професионални области од обичниот народ ќе се издигнат кон раководните позиции. Доста беа гаталци со купени дипломи, потребни се успешните паталци од народот. Потребни се сите оние маргинализирани професионалци по правливите ќошиња на нашите институции потиснати од криминалните послушници. Партиските и етничките критериуми за добивање на возачка дозвола, факултетска диплома, лиценца, тендер и работно место нѐ доведоа до ситуација да немаме безбедност и мир никаде. Непрописно и небезбедно изградени стамбени и деловни објекти од градежна мафија, непрописни и небезбедни патишта со скапи тендери, необучени возачи и татини курлиња со скапи и моќни автомобили по улиците, криминалци во полициски униформи, доктори кои наместо според дијагноза и симптоми нѐ лечат според веројатност, препорака на фармацевската мафија или процент од продадени лекарства или услуги, учителки кои не знаат да напишат буква Ж и за кои престиж во животот е да се збогатиш преку наркомафијата. За жал овие примери не се плод на мојата фантазија, туку реални животни ситуации во кои сум се нашол јас или мои пријатели, во кои примери ќе се препознае секој од вас. Веројатноста да загине човек во сообраќај од некој со купена возачка, во својот непрописно изграден стан при елементарна непогода или упад на крадци поврзани со полицијата, во болница поради демотивираност или незнаење на персоналот стана многу поголема од опасноста да се занимава со политика. И напротив, решението за горенаведените проблеми е токму тоа, да почнеме да се занимаваме со политика, да ги победиме послушниците и да почнеме да ги исправаме работите. Шансата е сега, бидејќи налогодавците од кои нашите послушници ја црпеа моќта се во голема каша во нивните држави и немаат никаква моќ. Она со што нѐ плашат се само бледи фотографии од минатото и неоснована пропаганда со погрешни или нецелосни информации. Немаме реален непријател, туку имагинарен, создаден во нашите глави. Ако го победиме во нас, лесно ќе се соочиме и со реалните последици во нашето опкружување.

БОБИ ЃОРЃИЕВСКИ, ЧЛЕН НА ИО – РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години
Листа на нотари