Skip to content Skip to footer

НАРУШУВАЊЕ НА ДОМОТ ПО ДОПРЕН ГЛАС Е ФАШИЗАМ, А НЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ!

„Министерот“ за внатрешни работи на „Нивната“ земја Северна, ги најави новите мерки кои вешто се прикриени позади завесата од театарот Пландемијата Ковид 19.
Погледнете во една реченица колку апсурд и фашизам има.
„Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави, или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не, вели Спасовски“.

По пријава, допрен глас, сега веќе може да ви влезат дома, да ви измерат температура и со тест кој воопшто не се препорачува за дијагноза, ПЦР тестот, да те одведат во здравствена установа која ги нема основните услови за било каква медицинска интервенција.
( Искуствено, веќе , со не потврден позитивен тест те ставаат во соба во која веќе има или не дијагностициран или дијагностициран пациент. Значи однапред сте осудени од 50% -100% да се разболите!)

По седум децении, конечно стигнавме до идеалното удба општество на ПОДОБНИТЕ, сите да бидеме доушници и да си ги пријавуваме сопствените комшии. А за што да ги пријавиме ? За кашлање и кивање во двор, за посета на блиски, утре за одбивање на вакцина ? Комшијата ќе отвори тефтер и ќе ги брои посетителите во еден дом, бројот на кашлање и кивање во единица време…

На место во нашето општество да се отвори дискусија за погрешните методи на водење и менаџирање на целата криза, која уништи многу повеќе животи од починати со вирусот Сарс-Ков-2, ние запаѓаме во се‘ поголема криза, грубо кршење на индивидуалните и колективните права, затварање на претпијатија, исфрустрирано општество, некрофилни медиуми…

Нема испитување на лажните посмртници, прекумерното богатење од ПЦР тестовите, маските, ракавиците, заштитните комбинизони и сл .
Жална е сликата на општеството во кое сите молчат и се учесници и соучесници во сценариото Пландемија Ковид 19.

Знаеме дека повеќето од тие 120 избрани пратеници повеќе милуваат да служат на туѓи центри, отколку на сопствениот народ, иако платата ја земаат од народната каса, Буџет на Македонија. Го гледаме секојдневно нивното отпадништво, одродништво, но секогаш има дно кое мора да се допре и да се тргне нагоре, враќање назад.

Денес е еден од тие моменти!

Влада во која терористи владеат и водат седници, која ослободува убици на деца, која е заглавена во криминал, не смее да допре до нашата света територија, Домот.

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 26:
„Се гарантира неповредливоста на домот.
Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.”

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/