Skip to content Skip to footer

НАТПРЕВАР НА ИЗМЕЌАРИТЕ

Во Шпанија е избрана Влада! Конечно, во државата позната низ историјата како колонијален завојувач, уништувач на древни од Бога создадени цивилизации, инспиратор и практикувач на инквизициските измачувања на народот и долгогодишна држава на фашистичка диктатура, се избра нова Влада! Тоа и не е толку чудно, но повеќе од чудно е што изборот на новата шпанска Влада не ги израдува толку самите Шпанци, колку што ги израдува нашите политичари. Причината е едноставна: сега Шпанија, како последна од земјите – членки на западната алијанса, ќе го ратификува Протоколот за наш прием во фашистичко – терористичката организација НАТО.
Близу 30 години нашите политичари и партиите на кои тие им припаѓаат, водеа борба за прием во НАТО, но без успех. Неуспехот, пак, главно и редовно се оправдуваше со билатералниот „спор“ кој Република Македонија го имаше со нашиот јужен сосед Грција (случајно или не, исто како и Шпанија, земја во која долги години владееше фашистичка диктатура!). Разрешувањето, пак, на тој „спор“ подразбираше национално и идентитетско поништување на македонскиот народ и држава како единствена можност за влез во НАТО. И двете партии (СДС и ДПНЕ), со поддршка од албанските партии, долги години отстапуваа дел по дел од национално – идентитетската суштина на Македонија. Награда за отстапувањето на народните интереси беа инсталирани „падни – стани“ влади, сега сосема јасно формулирани во фолклорната приказна за Курто и Мурто. Факт кој никому од владеачките стуктури не му пречеше.
И дојде (или доаѓа) денот кога ќе сме влегле во НАТО (преку гореспоменатата Шпанија). Бидејќи условот за влез беше нашето национално – идентитетско поништување, доаѓа моментот на вистината: значи ли тоа дека Македонија е конечно поразена и разнебитена штом сме близу до прием во НАТО, одоброволувајќи го со исполнување на неговиот 30 – годишен услов?
Токму во врска со приемот во НАТО, на македонската политичка сцена, се случува чудо. И позицијата и опозицијата се сплотија! Не само што се сплотија, туку се обидуваат да се додворат на западните фашисти кој повеќе ќе придонесе кон побрзиот прием. Па, дури присуствуваме и на комична ситуација, каде и Албанецот Талат Џафери има поумерен став околу процедурата за прием, одошто „патриотската“ ДПНЕ, која инсистира на предвремено ратификување на Протоколот! Да не заостанат зад СДС и Заев кои членството во НАТО го платија со Македонија и нејзината историја и иднина. Присуствуваме на натпревар помеѓу домашните измеќари на странските служби!
Но, на сите овие „играчи“ (во наводници зашто тие не се никакви играчи, туку полтрони и измеќари), треба да им се предочи следново. Почнувајќи од Рамковниот договор па наваму, се што се правело и склучувало во Македонија е – ништовно! Од правен аспект (за моралниот залудно е да се зборува), секој акт, секое дејствие кои што произлегуваат од разните наметнати капитулантски договори, не важат!. Никогаш и не важеле зашто биле наметнати, најчесто со примена на сила или под закана со сила (и тоа од никој друг, туку од „стратешкиот“ – НАТО!).
Единствена регуларна правна ситуација беше Референдумот од 2018 година, каде што народот со огромно мнозинство ги отфрли референдумските прашања. Најкратко, народот им рече „не“ на трите референдумски прашања: не за Преспанскиот довор, не за ЕУ, не за НАТО! Според Уставот на Република Македонија, резултатите од спроведен референдум се задолжителни. А, и едните и другите, целосно ја игнорираа волјата на народот и влегоа во игра со ѓаволот: СДС отворено ја игнорираше народната (референдумска) волја, а ДПНЕ во целост го поддржа таквиот игнорантски однос, глумејќи патриотизам, а мислејќи само на предвремени избори и власт.
На „натпреварувачите“ ќе треба да им порачаме уште нешто: следи одговорност! Одговорност и тоа по многу основи. А, на глувите, слепите и заспаните поддржувачи и на едните и на другите, исто така, да им се протолкува она што е очигледно, а тоа е дека се соучесници во дејствијата против сопствената земја и народ, зашто партиските интереси им се над Македонија!

КОСТА ЈОВЧЕВСКИ, ЧЛЕН НА ИО-РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/